четврток, септември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Сијарто: Истите актери кои го уништија Северниот тек, денес го блокираат „Дружба“

by Redakcija
26.02.2026
in Свет
Сијарто: Истите актери кои го уништија Северниот тек, денес го блокираат „Дружба“

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека блокадата на нафтоводот „Дружба“ ја извршуваат истите сили кои биле одговорни за саботажата на гасоводот Северен тек, предупредувајќи дека Унгарија мора да се подготви за можни напади врз својата енергетска мрежа.

На вчерашниот состанок во градското собрание во Кишкунлахаза, Сијарто го обвини Киев за уништувањето на Северен тек, нарекувајќи го тој чин „државен тероризам“. „Срамота е што Европа го игнорира овој напад и што некои европски земји ги прогласуваат сторителите за херои“, додаде тој.

Министерот истакна дека заштитата на унгарските нафтoводи и гасоводи е од витално значење и дека денес не може да се исклучи можноста за физички напади врз енергетските објекти што ја снабдуваат земјата. „Оние кои денес го блокираат Дружба, се истите кои го кренаа во воздух Северен тек. Мораме да бидеме подготвени и да ги спречиме овие закани“, рече Сијарто.

Исто така, тој потенцираше на претстојните парламентарни избори со позицијата на Унгарија во однос на конфликтот во Украина. „Ако останеме на власт, средствата на унгарските даночни обврзници нема да одат во Украина, и нема да бидеме вовлечени во војна на европскиот континент“, истакна Сијарто.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, по вчерашната седница на Советот за одбрана соопшти дека енергетската инфраструктура ќе биде засилено обезбедена. Според него, блокадата на испораката на нафта од Украина е мотивирана политички, а Киев може да се обиде на дополнителни акции за попречување на работата на унгарскиот енергетски систем.

Засилената заштита ќе вклучува распоредување на војници и неопходна опрема за одбивање на евентуални напади, додека полицијата ќе ги засили патролите околу клучни електрани, дистрибутивни станици и управувачки центри.

Related Posts

Русија нема да ги запре нападите, Лавров спомена и три европски земји: „Поучени од горчливото искуство…“

24.09.2026

Сибиха: Украина прифати целосен и безусловен прекин на огнот, ја повикуваме Русија да го направи истото

23.09.2026

Научници: Големиот Ел Нињо ќе предизвика 450.000 смртни случаи – ова се најзагрозените земји

23.09.2026

Избувна нова војна во Африка

23.09.2026

Руски воен хеликоптер влезе во Полска: Веднаш беа кренати полски борбени авиони

23.09.2026

Командант на НАТО предупредува на опасна тактика: Путин сака да ја испровоцира Алијансата

23.09.2026

Препорачани Вести

Македонија стартува голема енергетска трансформација: Инвестиции од 5,7 милијарди евра и 67 нови објекти во 2026 година

Нови правила за енергетски лиценци: појасни рокови и можност за скратени постапки

7 месеци ago
Македонските и регионалните превозници втор ден ги блокираат границите

Од 1 јули нови правила за превозниците во ЕУ

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Да им дадеме поддршка на младите нивните идеи да станат реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски: Ниту еден податочен центар нема да има предност пред снабдувањето на граѓаните со струја и вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Околу 500 ученици учествуваа на „Есенскиот крос“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 70 случаи на западнонилска треска во Македонија, прв случај регистриран и во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

Здравје – Вистинското има вкус
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.