среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Ново зголемување на цените на горивата од полноќ, сходно растот на цените на нафтата

by Simovski
02.03.2026
in Економија

Од утринските часови на бензинските пумпи низ Македонија се гледаат сцени слични на оние од пролетта 2022, со почетокот на воениот конфликт во Украина. Возачите масовно ги полнат резервоарите, очекувајќи раст на цените поради тензиите во меѓународниот енергетски пазар.

Од полноќ стапуваат на сила нови, повисоки цени на горивата во земјава. Литар Еуросупер БС‑95 ќе чини 74,50 денари, додека Еуросупер БС‑98 ќе се продава по 76,50 денари, секој за по еден денар повеќе. Дизелот засега останува непоместен, со цена од 71,00 денар за литар.

Според познавачи од нафтениот сектор, ваквото благо покачување беше очекувано, бидејќи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) пресметува нови максимални малопродажни цени врз основа на петдневен просек. Но, тие предупредуваат дека подинамични зголемувања може да се очекуваат уште до крајот на неделата.

Од РКЕ објаснуваат дека уште од 2022 година, поради глобалните потреси, е воведен автоматизиран систем за секојдневни пресметки на цените. Таа анализа служи како основа за носење вонредни одлуки секојпат кога се забележува движење на цената од најмалку 2 денари за литар кај бензините, дизелот и екстра лесното гориво. За мазут, критериумот е помал – промена од 1 денар за литар. Ваквиот пристап, велат од Комисијата, има цел да ја одржи стабилноста на пазарот и да ги заштити потрошувачите од нагли ценовни шокови.

Во меѓувреме, на светските пазари нафта бележи најсилен пораст во последните четири години. На утринското отворање, цената на суровата нафта тип Брент експлодираше приближно 13% и достигна речиси 82 долари за барел, пред да „се повлече“ на околу 78,60 долари, според терминалот на „Блумберг“. Само минатата недела, оваа нафта се тргуваше околу 70 долари за барел, а во петокот пред почетокот на тензиите околу Иран, затвори на околу 72,8 долари.

Глобалната финансиска група „Ситигруп“ ја зголеми својата краткорочна прогноза за Брент, очекувајќи цените оваа недела да се движат меѓу 80 и 90 долари за барел. Но, ако конфликтот се прошири и ако важни енергетски артерии бидат погодени, цените можат да „излетат“ дури до 120 долари за барел, предупредуваат аналитичари пренесени од „Блумберг“.

Експертите особено го посочуваат Ормускиот теснец како клучен елемент: доколку блокадата на транспортот преку овој воден пат потрае, понудата на нафта би можела драстично да се намали. Подолг застој – дури и 25 дена – би ги принудил најголемите производители на Блискиот Исток да ја сопрат продукцијата, бидејќи складиштата на копно и на море би ја достигнале својата максимална капацитет, оценија аналитичарите на „ЏП Морган“.

Извор: Блумберг Адриа

Related Posts

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

25.03.2026

Инспекторите се на терен – до сега 83 казни

25.03.2026

Македонија се подготвува за изградба на интерконектор со Србија

25.03.2026

Димитриеска-Кочоска: Економијата е стабилна, продолжува соработката со ММФ

25.03.2026

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

25.03.2026
Европа на работ на енергетска криза: „Shell“ предупредува на можен недостиг на гориво веќе следниот месец

Европа на работ на енергетска криза: „Shell“ предупредува на можен недостиг на гориво веќе следниот месец

25.03.2026

Препорачани Вести

Тешка несреќа на Македонско-косовска бригада: Малолетник удри 57-годишен пешак

2 месеци ago
Најмалку 58 загинати лица во воените судири во Пакистан

Најмалку 58 загинати лица во воените судири во Пакистан

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инспекторите се на терен – до сега 83 казни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднаа раководители во ЈП „Национални Шуми“ – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на автобус на ЈСП предизвика метеж во Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мекларен го открија техничкиот проблем што ги спречи Норис и Пјастри на стартот во Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.