среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

632 Македонци побарале евакуација од Израел, Доха и Абу Даби

by Simovski
04.03.2026
in Македонија
Aвион со 55 патници безбедно евакуиран по инцидент на пистата во Сомалија

Вкупно 632 македонски државјани досега побарале информации за евакуација од кризните региони на Блискиот Исток. Најголем дел од интересот доаѓа од граѓаните што се наоѓаат во Абу Даби, нивниот број изнесува 447, а властите веќе финализираат технички и логистички детали за нивното враќање со чартер-летови.

Ситуацијата во Израел останува непроменета, шест македонски државјани веќе се евакуирани на сопствен трошок преку комерцијални летови, додека уште шест лица денеска ќе бидат транспортирани копнен пат до Египет, од каде утре ќе се вратат во Скопје со владиниот авион. Министерството за надворешни работи информира дека сите ќе бидат сместени на безбедна локација и во хотел, на товар на државата, додека не се организира летот.

Бројката на граѓани што побарале помош во Доха изнесува 136, додека македонските дипломатско-конзуларни претставништва веќе подготвуваат посебен план за евакуација и на оние што се наоѓаат во Бахреин и Кувајт.

Министерството апелира до сите македонски државјани во Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Кувајт, кои сè уште не контактирале со надлежните, веднаш да се обратат до дипломатско-конзуларните канцеларии или СОС-бројот на Министерството.

„Министерството останува во постојан контакт со македонските државјани и со локалните власти, обезбедувајќи целосна координација за навремено и безбедно спроведување на евакуацијата“, се наведува во денешното соопштение.

Related Posts

144 години од раѓањето на Арсени Јовков

144 години од раѓањето на Арсени Јовков

25.03.2026
Денот на Царинската управа се одбележува со организиран настан во Куманово

Денот на Царинската управа се одбележува со организиран настан во Куманово

25.03.2026

„Чистка“ во МВР: 1/3 од раководителите надвор од „игра“

25.03.2026
Извор: Screenshot; Алфа Телевизија

Мицкоски: Западен Балкан може да привлече 4 теравати енергетски инвестиции

25.03.2026

Снежна бура го зафаќа Балканот од 26 март – драстичен пад на температурите

25.03.2026
Денес го чествуваме Преподобен Кирил Пејчиновиќ

Денес го чествуваме Преподобен Кирил Пејчиновиќ

25.03.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО: „Starship“ повторно ќе лета – Маск објави снимка од прецизно приземјување на ракетата со порака за лансирање

ВИДЕО: „Starship“ повторно ќе лета – Маск објави снимка од прецизно приземјување на ракетата со порака за лансирање

1 месец ago

МБИ10 со благ пад од 0,06%, без активности на обврзничкиот пазар

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Паднаа раководители во ЈП „Национални Шуми“ – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на автобус на ЈСП предизвика метеж во Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мекларен го открија техничкиот проблем што ги спречи Норис и Пјастри на стартот во Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Френсис Нгану најавува нови предизвици по заминувањето од УФЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија се подготвува за изградба на интерконектор со Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.