вторник, март 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Иран уништи американски радар вреден 300 милиони долари во Јордан

by Redakcija
07.03.2026
in Свет

Иран уништил клучен американски радарски систем вреден околу 300 милиони долари, кој бил од суштинско значење за насочување на противракетната одбрана на САД во регионот на Персискиот Залив, објави „Блумберг“, повикувајќи се на американски претставник.

Станува збор за радарот AN/TPY-2, дел од противракетниот систем THAAD, кој бил стациониран во воздухопловната база Мувафак Салти во Јордан. Според информациите, радарот и придружната опрема биле уништени во првите денови од тековниот конфликт.

Информацијата подоцна ја потврдил американски претставник, а претходно за настанот извести и Си-Ен-Ен врз основа на комерцијални сателитски снимки.

Податоци од тинк-тенкот „Фондација за одбрана на демократиите“ покажуваат дека во Јордан биле регистрирани два ирански напада – на 28 февруари и на 3 март. Иако официјално се тврди дека нападите биле пресретнати, сателитските фотографии покажале дека радарот AN/TPY-2 и дел од опремата што ја користат американските противракетни системи сепак биле уништени.

Експертите оценуваат дека станува збор за сериозен стратешки удар за американската противракетна одбрана во регионот. Радарот е клучен за системот THAAD, кој е наменет за пресретнување балистички ракети на голема височина, на работ на атмосферата.

Со неговото уништување, дел од задачите за пресретнување на ракети ќе мора да ги преземат системите „Патриот“, за кои веќе има недостиг од ракети-пресретнувачи PAC-3.

Според податоците на Центарот за стратешки и меѓународни студии, САД во светот располагаат со само осум батерии од системот THAAD, вклучително и во Јужна Кореја и на Гуам. Секоја батерија чини околу една милијарда долари, а самиот радар вреди околу 300 милиони долари.

Една батерија THAAD ја сочинуваат околу 90 војници, шест лансирни возила со вкупно 48 ракети-пресретнувачи, радарот AN/TPY-2 и тактичка единица за контрола на огнот и комуникација. Секој пресретнувач, произведен од „Локхид Мартин“, чини приближно 13 милиони долари.

Американските и сојузничките системи за противвоздушна и противракетна одбрана во регионот во последниот период се под силен притисок поради серијата ирански напади со беспилотни летала и балистички ракети.

Поради зголемените закани, претставници на водечките одбранбени компании, меѓу кои „Локхид Мартин“ и „RTX“, неодамна се состанале во Белата куќа со претставници на Пентагон за да разговараат за забрзување на производството на вооружување.

Related Posts

ВИДЕО: Напад со дронови врз нафтен танкер во Дубаи, спречена поголема еколошка катастрофа

31.03.2026

ВИДЕО: Интензивни напади врз Исфахан, експлозии и пожари го потресоа градот

31.03.2026

ТРАМП СО НОВ УДАР КОН ФРАНЦИЈА: Нема да заборавиме – беа многу некорисни

31.03.2026

Трамп до сојузниците: Америка нема веќе да ве штити – купувајте нафта од САД или снаоѓајте се сами

31.03.2026

ИДФ со нови тврдења за ликвидирани борци на Хезболах во јужен Либан

31.03.2026

Италија ја одби САД: Американските бомбардери нема да слетаат во базата на Сицилија

31.03.2026

Препорачани Вести

САД ја мобилизираат 82-та воздушно-десантна дивизија кон Блискиот Исток, во пресрет на можна операција во Иран

6 дена ago
Вјоса Османи тврди дека Трамп заслужува да добие Нобелова награда

Вјоса Османи тврди дека Трамп заслужува да добие Нобелова награда

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Инцидент со закани кон вработена во центарот за социјални работи Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот Јовановски на терен: Кичево добива подобра патна инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец осомничен за измама – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП со соопштение за студенти кои оствариле доход надвор од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.