понеделник, април 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Над 70% од лекарите во Македонија се соочиле со насилство на работното место, велат од Лекарската Комора

by Simovski
12.03.2026
in Македонија
Над 70% од лекарите во Македонија се соочиле со насилство на работното место, велат од Лекарската Комора

На 12 Март, Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, Лекарската комора на Република Македонија, заедно со европските медицински асоцијации и Министерството за здравство, упатија аларм за сериозен проблем кој го тишти здравствениот сектор, насилството врз докторите.

Претседателката на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, истакна дека нападите врз медицински лица не се само лични напади. Тие го погодуваат целиот систем и пациентите кои чекаат грижа. „Докторите не се непријатели. Тие се на првата линија за зачувување на животот, во услови кои понекогаш се екстремни. Насилството не е решение за системските слабости“, нагласи проф. д-р Гривчева Старделова.

Анкетите на Комората откриваат загрижувачки податоци: над 70% од лекарите доживеале некаква форма на насилство на работното место. Од нив, 80% се соочиле со вербална агресија, додека 6,8% биле жртви на физички напади. И покрај измените на Кривичниот закон во 2023 година, кои го третираат нападот врз медицинско лице како напад врз службено лице, ефектите се ограничени – речиси 70% од инцидентите воопшто не се пријавуваат, најчесто поради комплицираните процедури или перцепцијата дека ова е „дел од работата“. Министерството за внатрешни работи регистрираше само две кривични пријави минатата година за напади врз здравствени работници, едно во Скопје со двајца сторители и едно во Штип со еден сторител.

Проф. д-р Карди Хаџихамза, психијатар и член на Извршниот одбор на Комората, предупреди за сериозните последици од насилството. „Доколку докторите се изложени на агресија, тоа создава психолошки стрес, анксиозност и прегорување, што многумина ги тера да размислуваат за напуштање на професијата или заминување во странство. Тоа дополнително го ослабува здравствениот систем“, рече проф. д-р Хаџихамза. Тој додаде дека неопходно е здравствените установи да ги зајакнат безбедносните мерки, вклучувајќи обезбедување и видеонадзор, но и да се вложи во подобра комуникација и едукација на пациентите.

Лекарската комора апелира за итна институционална реакција на секој напад, како и за стопирање на дигиталниот линч врз докторите. Комората нагласува дека подобрите услови за работа, повеќе персонал и организирана работа, се клучни за создавање безбедна работна средина. „Хуманоста е двонасочна. Потребна е нулта толеранција за насилство од сите страни – институции, медиуми и граѓани. Само со пријавување на инцидентите и соодветни санкции можеме да го испратиме јасното послание дека насилството не е прифатливо“, рече проф. д-р Гривчева Старделова.

Како решенија, професорите нагласуваат дека здравствените установи треба да воведат поефикасни безбедносни мерки: присуство на обезбедување, видеонадзор, јасни протоколи за реагирање. Покрај тоа, потребна е интензивна едукација на докторите за комуникациски вештини и создавање јавни кампањи кои ќе ја поттикнат почитта на пациентите кон здравствените работници. Добрата информираност на пациентите го намалува нивното незадоволство и фрустрација, а нултата толеранција за насилство создава средина во која докторите можат достоинствено да ја вршат својата професија.

Related Posts

Алармантно: Секој граѓанин троши речиси 600 литри вода дневно – рекордно зголемување за 20 години

13.04.2026

Две маскирани лица се обиделе да ја запалат синагогата во Скопје – истрага во тек, силни реакции од еврејската заедница

13.04.2026

(ВИДЕО) Напад врз синагога: Полеана со течност и запалена со бакља – шокантни сцени објави израелската амбасадорка

12.04.2026

Обид за палење на синагогата во Скопје? пронајдени канистар и траги од оган, МВР со истрага

12.04.2026

Скандал со предудите за човекови права на Стразбур: Бугарија со години не ги спроведува пресудите за Македонците

12.04.2026

Архиепископот Стефан со велигденска порака: „Да го озариме светот со велигденска радост“ –  светлината на Христос нека нè води

12.04.2026

Препорачани Вести

Судскиот совет и истражните органи молчат – Ѓоко Ристов престанал да користи телефон, отишол на боледување и останува на невидливо место

3 месеци ago
YouTube тестира AI што ве води директно до најинтересните моменти во видеата

YouTube тестира AI што ве води директно до најинтересните моменти во видеата

3 недели ago

Популарни Вести

  • Алармантно: Секој граѓанин троши речиси 600 литри вода дневно – рекордно зголемување за 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Нов тренд во Индија –  Работници со камери на глава, луѓето ги „учат“ роботите како да работат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нафтата над 100 долари: Тензиите меѓу САД и Иран ја тресат светската економија – раст на цените и страв од нов енергетски шок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историски пресврт во фудбалот: Мари-Луиз Ета стана првата жена тренер во Бундеслигата – Унион Берлин со храбар потег

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драма над Исланд: Пилот под истрага по опасен прелет на ниска височина со „Боинг 757“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.