понеделник, април 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Судар на авион и противпожарно возило во Њујорк – прекинат сообраќајот на аеродромот ЛаГвардија

by Redakcija
23.03.2026
in Свет

Регионален патнички авион на Ер Канада експрес се судри со интервентно противпожарно возило на пистата по слетувањето на аеродромот ЛаГвардија во Њујорк, предизвикувајќи сериозен безбедносен инцидент и целосен прекин на воздушниот сообраќај.

Несреќата се случила доцна во неделата, на 22 март околу 23:47 часот, кога авионот при движење по пистата директно удрил во возило за спасување и гасење пожари, кое интервенирало по друг настан на теренот.

Според податоците од платформата Флајтрадар24, авионот во моментот на ударот се движел со брзина од околу 24 милји на час. Станува збор за лет CRJ-900 кој пристигнувал од Монтреал, при што во леталото имало 72 патници и четворица членови на екипажот.

Летот го оперирала компанијата Џез авиејшн, регионален партнер на Ер Канада, а двете компании го потврдија инцидентот.

По сударот веднаш биле активирани сите безбедносни протоколи, а аеродромот бил целосно затворен за сообраќај со цел непречена интервенција на службите и започнување истрага за причините за несреќата. Федералната управа за воздухопловство воведе итен прекин на летовите, додека пристигнувачките авиони биле пренасочени кон други аеродроми или вратени кон почетните дестинации.

Надлежните најавуваат детална истрага која треба да ги утврди околностите под кои дошло до судирот.

Related Posts

Трамп најави блокада на Ормутскиот теснец: „Ова е меѓународна уцена“

13.04.2026

За малку ќе избувнела тепачка на преговорите меѓу Американците и Иранците, тврди турски новинар

13.04.2026

Кој е Петер Маѓар, поранешниот сојузник на Орбан

13.04.2026

Трамп со жесток напад кон папата Лав

13.04.2026
(ВИДЕО) Орбан го призна поразот: ТИЦА води со 135 пратеници и обезбедува уставно мнозинство

(ВИДЕО) Орбан го призна поразот: ТИЦА води со 135 пратеници и обезбедува уставно мнозинство

12.04.2026

46% преброени гласови во Унгарија: ТИЦА на Маѓар со 135 од 199 мандати – опозицијата обезбедува уставно мнозинство

12.04.2026

Препорачани Вести

Коњановски: Само со заеднички решенија може да имаме чист регион

3 месеци ago
Главата на Це-три-пи-о од „Војна на ѕвездите“ продадена за рекордни 1,05 милиони долари

Главата на Це-три-пи-о од „Војна на ѕвездите“ продадена за рекордни 1,05 милиони долари

2 недели ago

Популарни Вести

  • Тешка сообраќајка во тетовско – две лица тешко повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Физички напад во Сараќино – две лица пријавиле напад од група, полицијата постапува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Физичка пресметка во Тетово – две лица пријавиле напад пред угостителски објект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијан возач удрил пешак – Полицијата реагирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • CNN: Македонија е скриен балкански бисер со природа, гастрономија и прекрасни вина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.