среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Нови спортски игралишта за подобри услови на учениците во ОУ „Даме Груев“

by Redakcija
25.03.2026
in Република, Топ Вести

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и наука.

Локацијата денеска ја посетија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, кои од надлежните добија информации за текот и динамиката на градежните работи.

Проектот опфаќа изградба на отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор, со терени за ракомет, кошарка и одбојка, со вкупна површина од 1.311 метри квадратни. Предвидено е поставување тартан подлога со дебелина од 13 милиметри, додека вкупната асфалтна површина ќе изнесува 2.081 метри квадратни.

Дополнително, ќе се уреди пешачка патека со бехатон на површина од 294 метри квадратни, ќе се асфалтира пристапниот дел до игралиштата, ќе се обезбеди паркинг простор, хортикултурно уредување и поставување урбана опрема.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 15.507.414 денари.

Со реализацијата на овој проект, ОУ „Даме Груев“ се приклучува кон училиштата кои добиваат нови и современи спортски терени, во насока на обезбедување подобри услови за спорт и рекреација на учениците.

…

Related Posts

Македонија се подготвува за изградба на интерконектор со Србија

25.03.2026
Цената на Брент над 105 долари по барел: Конфликтот со Иран го зголемува инфлаторниот притисок

Паднаа цените на нафтата по објавувањето на американскиот мировен план

25.03.2026

Андоновски: Со електронската архива чувањето предмети во фиока станува минато

25.03.2026

Делови од Тетово и тетовско во среда без електрична енергија поради планирани прекини

24.03.2026

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

24.03.2026

Тоневски: Во тек втората фаза од реконструкцијата на главниот резервоар за вода во Пробиштип

24.03.2026

Препорачани Вести

Коњановски: Се гради нов пат до манастирот „Св. Меркуриј“ во Барешани

2 недели ago

Горивата повторно поскапуваат? Одлуката на Регулаторната комисија се очекува денес

1 недела ago

Популарни Вести

  • Паднаа раководители во ЈП „Национални Шуми“ – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мекларен го открија техничкиот проблем што ги спречи Норис и Пјастри на стартот во Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Френсис Нгану најавува нови предизвици по заминувањето од УФЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија се подготвува за изградба на интерконектор со Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Австралија воведува привремена забрана за туристички визи за ирански државјани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.