Светските сили се подготвуваат за нова меѓународна иницијатива околу Ормускиот Теснец. Оваа недела Лондон и Париз ќе бидат домаќини на состанок на кој ќе учествуваат началници на генералштабовите од околу 30 земји, сите дел од глобалната коалиција што се формира за обезбедување на клучниот поморски премин.
Средбата следи по минатонеделната заедничка изјава иницирана од Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Холандија и Јапонија, во која се повикува на стопирање на нападите врз нафтената и гасната инфраструктура во Персискиот Залив. Изјавата исто така потсетува дека овие земји се „подготвени да придонесат“ во напорите за стабилизирање на пловниот сообраќај низ Ормуската Теснина.
Оттогаш, оваа иницијатива собра поддршка од уште околу 30 држави, меѓу кои се и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Според извори блиски до преговорите, британскиот началник на Генералштабот, Ричард Најтон, и неговиот француски колега Фабиен Мандон се активно вклучени во координацијата на коалицијата, со цел што побрзо да се развие конкретен план за повторно отворање на Ормуската Теснина и обезбедување на безбедно функционирање на овој витален воден пат.












