Израел соопшти дека од почетокот на војната против Иран, како и против јужен Либан и Бејрут, во земјата пристигнале околу 8.000 тони воена опрема, оружје и муниција.
Според Министерството за одбрана на Израел, повеќе од 200 авиони и бродови ја пренеле оваа огромна воена помош во текот на конфликтот. Иако не се објавени конкретни информации за потеклото на опремата, традиционално најголем дел од воената помош доаѓа од Соединетите американски држави.
Министерството истакна дека доставката на вооружување е клучна за поддршка на израелската воена машинерија во операциите против Иран и Либан.












