вторник, април 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп: „Целата цивилизација ќе умре вечерва“

by Redakcija
07.04.2026
in Свет

Американскиот претседател Доналд Трамп упати сериозни закани кон Иран преку својата социјална мрежа Truth Social. „Целата цивилизација вечерва ќе умре и никогаш повеќе нема да се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, можеби може да се случи нешто револуционерно добро – КОЈ ЗНАЕ? Ќе дознаеме вечерва, во еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот“, напиша Трамп.

Вечерва истекува и последниот рок кој Трамп му го постави на Иран за постигнување договор или отворање на Хормушкиот теснец. Претходно, Трамп повеќепати ги одложувал роковите, а заканите варираа од директни напади до наводен добар напредок во преговорите. Ирската државна новинска агенција IRNA извести дека Техеран го одби последниот предлог за примирје, по што Трамп упати ново предупредување.

„Нема да има мостови, нема да има електрани, нема да има ништо“, изјави Трамп, додека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека напади врз цивилната инфраструктура се забранети според меѓународното право.

Трамповите закани започнаа на 21 март, со ултиматум за отворање на Хормушкиот теснец, а роковите подоцна беа повеќепати пролонгирани поради наводен напредок во преговорите. Во последните денови, тонот на неговите пораки стана сѐ построг, со конкретни закани за уништување на мостови, електрани и нафтени постројки.

Од иранска страна, дипломатите нагласуваат дека повеќе не веруваат во Трамповата администрација и прифаќаат само завршување на конфликтот со гаранции дека нема да бидат повторно нападнати. Меѓутоа, напорите за дипломатско решение сѐ уште продолжуваат, додека регионалните медиуми го следат рокот со голем дигитален часовник.

Related Posts

ЕУ под притисок: Неуспесите во надворешната политика отвораат дебата за укинување на правото на вето

ЕУ под притисок: Неуспесите во надворешната политика отвораат дебата за укинување на правото на вето

07.04.2026

ВИДЕО: Нападнат клучниот ирански остров!

07.04.2026

Трамп се закани дека „целиот“ Иран вечерва би можела да биде уништена

07.04.2026
Падна уште еден американски авион во Иран

Падна уште еден американски авион во Иран

07.04.2026

Русија упати закани кон балтичките земји: „Ако имаат разум, ќе послушаат“

07.04.2026

18% од бензинските пумпи во Франција утрово без гориво

07.04.2026

Препорачани Вести

Русија му обезбедува разузнавачки податоци на Иран за напади врз американските сили на Блискиот Исток

1 месец ago

НИКОЛОСКИ ВО СВЕТСКА БАНКА ЌЕ ГОВОРИ ЗА БРЗАТА ПРУГА, СЛЕДУВААТ СРЕДБИ ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

4 недели ago

Популарни Вести

  • Вкупен промет од 19,72 милиони денари, раст кај НЛБ, Стопанска банка и Македонски Телеком – ОМБ непроменет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Предметот за злоупотреби во РЕК Битола се префрла во Струга по изземањето на сите битолски судии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп: „Целата цивилизација ќе умре вечерва“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Размена на оган пред израелскиот конзулат во Истанбул: Повеќе напаѓачи загинати, полицајци повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопска општина подели над 140 пакети за семејства во социјален ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.