Во Охрид, вчера на булеварот „Туристичка“, 17-годишен велосипедист од Франција се здоби со тешки повреди откако се судри со запрено патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки. Возилото претходно го управувала И.Д., 41-годишна жителка на Охрид.
Несреќата се случила околу 15:15 часот, а младото момче веднаш било пренесено во Специјалната болница „Свети Еразмо“, каде што му биле констатирани сериозни повреди.
На местото на настанот интервенирала увидна екипа на СВР Охрид, по наредба на јавен обвинител, за да се утврдат сите околности на несреќата.












