Сирени за воздушна опасност се огласија во петокот во повеќе делови на Израел, вклучително и во Тел Авив, по ракетен напад од Либан, соопшти израелската армија.
Според информациите, ракетата била истрелана од Хезболах, по што бил активиран системот за предупредување. Израелските медиуми пренесуваат дека проектилот бил пресретнат и засега нема информации за жртви.
Сирени биле активирани и во крајбрежниот град Ашдод, како и во повеќе региони низ земјата, вклучително и во јужните делови, кои се оддалечени од границата со Либан.
Овој напад доаѓа по продолжувањето на размената на оган меѓу Израел и Хезболах, што дополнително го доведува во прашање двонеделниот договор за прекин на огнот постигнат меѓу САД и Иран.












