недела, октомври 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Општина во Скопје распишува повик за 8 платени практикантски места за студенти и апсолвенти

by Redakcija
28.04.2026
in Скопје

Општина Центар започна нова програма за практикантство со која им се отвора можност на младите да стекнат директно искуство во работата на локалната самоуправа.

Со иницијативата се предвидува вклучување на студенти и апсолвенти од различни факултети кои се жители на општината, а целта е да се зајакне административниот кадар со нови идеи и свеж пристап, истовремено овозможувајќи им на младите практична обука во реални работни услови.

Ангажманот ќе се одвива во различни сектори во рамките на општинската администрација, во зависност од потребите и организацијата на работата. Избраните практиканти ќе бидат вклучени во секојдневните процеси и активности, со што ќе имаат можност да научат како функционира локалната власт одвнатре.

Програмата предвидува и финансиски надоместок во висина од 15.000 денари месечно, а траењето на практикантството може да биде до шест месеци. Според објавениот повик, достапни се вкупно осум места.

Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ за студентски или апсолвентски статус, копија од лична карта, трансакциска сметка и кратка биографија. Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, во барака број 6.

Јавниот повик е отворен од 27 април до 10 мај 2026 година, додека почетокот на ангажманот е закажан за 1 јуни 2026 година. По завршувањето на рокот за аплицирање, кандидатите ќе бидат навремено известени за понатамошниот тек на постапката.

Дополнителни информации може да се добијат преку контакт телефоните 02/3203-600 и 02/3203-655, како и на vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Утре прекини на струјата до седум часа: Проверете кои делови од Скопје и скопско се опфатени

Утре прекини на струјата до седум часа: Проверете кои делови од Скопје и скопско се опфатени

25.10.2026

Трка низ центарот на Скопје: полицијата најави пренасочување на сообраќајот

22.10.2026

Утре без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром: Прекини до пет и пол часа

21.10.2026

Се обновува споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во „Жена борец“

20.10.2026

Утре без струја делови од пет скопски општини: Објавен распоредот на исклучувања

20.10.2026

Утре без струја делови од Скопје: Проверете дали вашата улица е на списокот

19.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВЛЕН: По Конгресот на Обединувањето продолжуваме со организација и мобилизација

5 месеци ago

ПЕКИНГ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО СВЕТОТ: Различниот пречек за Путин и Трамп ја отвори геополитичката дебата – Видео

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – ЛУКСУЗОТ И КРИМИНАЛОТ НА САМОПРОГЛАСЕНИОТ ШЕФ НА АЛБАНСКОТО ПОДЗЕМЈЕ: Погледнете го раскошот на Неџати Арабачи на неговите Instagram и TikTok профили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Дали Неџати Арабачи –  „Волкот“ од Тирана е шефот на Албанското подземје и еден од најопасните криминалци на светот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студентската листа со повик: Останете во своите места, избегнувајте ги локациите со  полиција и неуниформирани лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неизвесна претседателска трка во Бугарија: Јотова и Ѓуров одат во втор круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Изгубивме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.