недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Нов сигнал од Вашингтон: Трамп го засилува притисокот врз „непослушните“ сојузници во НАТО

by Redakcija
07.05.2026
in Свет
Трамп: Размислувам да излеземе од НАТО! Воен аналитичар: Без него, тој сепак е најсилниот сојуз

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвила внатрешна проценка на членките на НАТО, во која сојузниците наводно се поделени во категории на „поуспешни“ и „помалку кооперативни“, во зависност од нивниот придонес кон Алијансата и степенот на усогласеност со политиките на Вашингтон, пренесува „Политико“.

Документот, според дипломатски извори и лица запознаени со процесот, настанал како дел од поширока стратегија за преиспитување на односите со европските партнери, особено по несогласувањата околу американските воени потези кон Иран. Тој бил изработен непосредно пред посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во американската престолнина, што дополнително ја зголемило неговата политичка тежина.

Во суштина, станува збор за обид за редефинирање на тоа како Вашингтон ги вреднува своите сојузници, не само преку формалното членство во Алијансата, туку и преку конкретна подготвеност за воена, финансиска и логистичка поддршка. Според исти извори, американската администрација размислува за воведување на различни нивоа на третман, при што најлојалните партнери би добивале поволности, додека другите би се соочиле со ограничувања или политички притисок.

Оваа насока, која уште претходно ја најавувале високи функционери од одбранбениот ресор, се вклопува во реториката на Трамп за „фер распределба на товарот“ во НАТО. Во таа рамка, особено се истакнуваат земјите како Полска и Романија, кои активно инвестираат во одбраната и прифаќаат зголемено американско воено присуство. Полска, на пример, веќе финансира значителен дел од трошоците за илјадници американски војници стационирани на нејзина територија, додека романската база „Михаил Когалничеану“ се развива како клучна точка за проширување на американската воена инфраструктура.

На спротивната страна, дел од западноевропските држави се најдоа под поголем притисок. Шпанија е критикувана поради отпорот кон зголемување на одбранбените трошоци до ниво од 5 проценти од БДП, додека Велика Британија и Франција, заедно со некои други партнери, наводно биле воздржани или одбиле дел од американските барања поврзани со неодамнешните операции.

Во меѓувреме, некои источни членки на НАТО, како балтичките држави, се споменуваат како пример за висока усогласеност со американските безбедносни приоритети, додека Бугарија, според извештаите, давала тивка логистичка поддршка на операциите на Блискиот Исток.

Од Белата куќа, пак, порачаа дека САД внимателно ќе ги бележат реакциите и постапките на сојузниците во контекст на заедничките операции, нагласувајќи дека американската војска со децении обезбедува заштита за Европа, често без соодветна реципрочна поддршка.

Иако ваквиот пристап се претставува како средство за зголемување на ефикасноста на Алијансата, дел од поранешни американски претставници предупредуваат дека дополнителното диференцирање меѓу сојузниците може да ги продлабочи постојните тензии и да ја искомплицира кохезијата во НАТО во чувствителен геополитички момент.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

22.11.2026
ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

22.11.2026
Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

22.11.2026

Трамп бара мировен договор до јануари: Украина стравува дека ќе мора да отстапи територии на Русија

21.11.2026

Драма во Источна Европа: Илјадници војници добија итно предупредување, а потоа следуваше опасен инцидент – „Не е случајност“

21.11.2026

Естонија ја затвора границата со Русија најмалку шест месеци

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

УНГАРИЈА ВО ТРКА СО СУШАТА: Војската гради брана за да ја одржи нуклеарката Пакш во функција

3 месеци ago

Бајден во мемоарите за Зеленски: Беше тврдоглав и не покажуваше благодарност

1 недела ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синот на Милорад Додик предложен за премиер на Република Српска: Игор Додик ќе ја составува новата влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.