петок, ноември 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Димитровски: Над 20 спортски игралишта и 200 нови паркинг места за Битола

by Redakcija
09.05.2026
in Република, Топ Вести

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна поддршка од Владата.

Тој посочи дека во изминатиот период биле спроведени постапки за јавни набавки, избор на изведувачи и надзор, со цел проектите да започнат со реализација на терен.

„Работа, работа и само работа. Често си го поставувам прашањето што е поважно – процесот или резултатот? За мене подеднакво се важни и двата сегменти“, наведува Димитровски.

Според него, веќе се реализираат спортски игралишта во повеќе основни училишта, меѓу кои „Даме Груев“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, како и во подрачните училишта во Раштани и Буковски ливади. Најави дека наскоро ќе започне изградба и на нови игралишта во училиштата „Тодор Ангелевски“ и „Ѓорѓи Сугарев“.

Димитровски информираше дека во текот на 2026 година на територијата на Општина Битола ќе бидат реконструирани или изградени повеќе од 20 спортски игралишта.

Во делот на спортската инфраструктура, тој посочи дека се реализираат две училишни спортски сали во Бистрица и во ОУ „Стив Наумов“, а пред почеток се и проектите за нови спортски сали во „Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“ и во Долно Оризари.

Според најавите, до крајот на следната година Битола треба да добие четири нови училишни спортски сали.

Димитровски се осврна и на проектите за нови паркинг-простори, посочувајќи дека веќе се реализира паркингот во поранешната касарна кај старскиот дом „Софија“, а склучени се договори и за нови паркинзи на повеќе локации во градот.

„Наскоро Битола ќе добие над 200 нови паркинг места“, нагласи тој.

Во однос на патната инфраструктура, информираше дека се реконструирани улици во Трн, Братиндол, Ротино и Барешани, додека во финална фаза се улиците во Раштани и Карамани.

Тој најави дека до крајот на 2027 година ќе бидат реконструирани и изградени над 10 километри патна инфраструктура, најчесто со целосна замена на водоводната и канализациската мрежа.

Димитровски најави и реконструкција на објектот во Буковски ливади кој ќе биде адаптиран во училиште, како и завршување на реконструкцијата на дел од училиштето во Крклино и објектот на месната заедница во Кременица.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Извршени три операции со новата опрема: Болницата во Кочани доби медицинска донација од Полска вредна 47.000 евра

Извршени три операции со новата опрема: Болницата во Кочани доби медицинска донација од Полска вредна 47.000 евра

20.11.2026

Општина Тетово: Итно известување до граѓаните

20.11.2026

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

19.11.2026

Општина Прилеп: Сите основни училишта се обединија во кампањата „Некој те чека дома“

19.11.2026

Засилени полициски контроли низ Македонија: Автобусите и камионите под посебен надзор до 22 ноември

19.11.2026

Трамп, Путин и Си се договорија за четири клучни прашања: Еве што предвидува заедничката изјава

19.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВИДЕО: Иран употребил касетна муниција во новите напади врз Израел?

9 месеци ago

Браво за младите од Тетово: Создадоа апликација со вештачка интелигенција која ќе ги олесни маките по шалтерите

2 дена ago

Популарни Вести

  • Обвинение против Никшиќ и Исак: Се бара забрана за вршење на премиерската и министерската функција во Федерацијата БиХ

    Обвинение против Никшиќ и Исак: Се бара забрана за вршење на премиерската и министерската функција во Федерацијата БиХ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанец осомничен дека го запалил автомобилот на мајка си и се заканувал дека ќе го запали станот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата заплени бела прашкаста материја во струшко Франгово, приведен 47-годишен маж

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барале 100.000 евра, па запалиле „ренџ ровер“: Кривична пријава против четворица турски државјани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ја претепале, ја снимале и ѝ ги зеле парите: Две малолетнички приведени во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.