недела, ноември 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Мистерија во Хрватска: Четири мртви тела пронајдени во реките Купа и Мрежница, полицијата истражува поврзаност со трагедија на мигранти

by admin
10.05.2026
in Балкан, Црна Хроника

Хрватските власти спроведуваат обемна истрага откако во саботата попладне и вечерта биле пронајдени четири мртви тела во реките Купа и Мрежница во близина на Карловац.


Според информациите што ги пренесуваат хрватските медиуми, првата пријава била добиена вчера попладне, кога граѓанин ја известил полицијата дека забележал мртво тело во реката Купа во близина на населбата Срачак, во општина Рибник.


На местото веднаш излегле полициски службеници од полициската станица Озаљ, а припадници на хрватските спасувачки служби го извлекле телото на непознат маж од реката. По извлекувањето бил извршен увид на местото на настанот.


Само неколку часа подоцна, хрватската полиција добила известување од Словенечка полиција дека во реката Купа, во селото Горни Прилишќе во општина Нетретиќ, биле забележани уште две тела на непознати мажи.
Полициски службеници од полициската станица Дуга Реса, заедно со пожарникари од Словенија, ги извлекле телата на брегот, по што повторно бил спроведен увид.


Драмата продолжила и во вечерните часови, кога граѓани пријавиле уште едно мртво тело, овојпат во реката Мрежница во селото Горни Звечај.
Телото на уште еден непознат маж било извлечено од реката од припадници на хрватската спасувачка служба, по што полицијата започнала нова истрага на терен.


Од Полициска управа Карловац соопштија дека се спроведуваат дополнителни криминалистички истраги и обдукции со цел да се утврдат идентитетот на жртвите и точната причина за смртта.


Сите тела биле пренесени на судска медицина за обдукција и идентификација.
Хрватските медиуми наведуваат дека полицијата ќе проверува дали случајот е поврзан со неодамнешната трагедија во близина на Горни Прилишќе, кога четворица нелегални мигранти загинаа, а уште двајца беа тешко повредени.


Тој случај ја потресе хрватската јавност на 3 мај, кога телата на четворица мигранти беа пронајдени на ливада во Долни Прилишќе, додека двајца преживеани мигранти биле затекнати во тешка здравствена состојба.


Полицијата засега не открива повеќе детали, а истрагата треба да утврди дали пронајдените тела се поврзани со мигрантски рути, криумчарење луѓе или други околности.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонецот што пукаше во Марко Кан открил детали од нападот: Наредбата ја добил преку „Сигнал“, а пиштолот го фрлил во море

28.11.2026

Полициска акција во кабаре во Охрид: Затекнати Русинки кои илегално влегле во Македонија и покрај забраната за влез

28.11.2026

Ужас во Тетово: Ја тепал вонбрачната партнерка и ја принудувал да оди со други мажи за пари

28.11.2026

Земале плати, а не оделе на работа: Кривична пријава против поранешен раководител

28.11.2026

Разбојништво во казино во Скопје: Украдени речиси 790.000 денари, полицијата при претрес пронашла 300.000 денари и фантомки

28.11.2026

Тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница кај Мирковци: Километарски колони во правец кон Тетово

27.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Пеперони не е најпопуларната пица во Скопје, но Wolt знае за што е вистинскиот копнеж

10 месеци ago

Спречен увоз на над 23,6 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Научниците открија нешто неочекувано во најдлабокиот дел од океанот: Мистерија на Земјата стара милиони години добива ново објаснување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сè повеќе луѓе пијат вода со мед пред спиење: Тврдат дека прави чуда, но што велат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавете на телевизорот закачен на ѕид: Нов тренд ги освојува домовите и целосно го менува изгледот на дневната соба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија пат: Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сибирски студ доаѓа во Македонија: Следната недела температурите ќе паднат до минус 18 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.