среда, август 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Прв ден од Самитот на Македонија2025: Потребни се забрзан одржлив раст, силно лидерство и заедничка акција за просперитетна иднина на Македонија

by Redakcija
12.05.2026
in Економија

Скопје, 12 мај 2026 – Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците на меѓународната заедница, академската сфера и македонската дијаспора, со цел да се поттикнат конкретни разговори и партнерства за идниот развој на Македонија и регионот.

Самитот беше отворен со обраќања на претседавачот на Одборот на директори на Македонија 2025, Виктор Мизо, ко-основачот на организацијата, Мајк Зафировски и извршната директорка, проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски, како и со интервју со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.

Во својот настап, премиерот Мицкоски порача дека Македонија мора да го искористи актуелниот моментум за побрза економска трансформација и посилно регионално и европско поврзување. Тој нагласи дека инфраструктурното поврзување, дигитализацијата, модернизацијата на институциите и создавањето стабилна и предвидлива бизнис-клима се клучни предуслови за поголем економски раст и повисок животен стандард.

Претседателот на владата посочи дека државата мора да продолжи со инвестиции во инфраструктурата, енергетиката и дигиталната трансформација, оценувајќи дека токму тие процеси ќе бидат основа за поголема конкурентност на македонската економија и за отворање нови можности за домашните компании и младите генерации.

Извршната директорка на Македонија2025, проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски, порача дека организацијата влегува во нова фаза на делување, со уште поголема одговорност и појасен фокус кон конкретни резултати и мерлив импакт.

„Ако во почетокот 2025 беше цел кон која се движевме, денес 2025 е основа од која продолжуваме понатаму. Токму затоа и темата на годинешниот Самит е ‘По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство’. Таа ја носи пораката дека нашата работа не завршува со една година, туку влегува во нова фаза на поголем фокус, раст, поголема дисциплина и поголема ориентација кон мерливи ефекти“, истакна Мојсоска-Блажевски. 

Таа нагласи дека новата стратегија на организацијата за периодот 2026–2030 ќе биде насочена кон три клучни столба: забрзување на растот и конкурентноста на компаниите, развој на лидерството и младите таленти, како и посилна мобилизација на дијаспората како двигател на знаење, инвестиции и глобално поврзување. Во своето обраќање, Мојсоска-Блажевски истакна и дека Македонија денес се наоѓа на важна пресвртница, при што потенцираше дека државата има капацитет и потенцијал за побрз развој, но дека се потребни поголема дисциплина, институционален континуитет, лидерство и партнерство меѓу сите чинители во општеството.

Ко-основачот на Македонија2025, Мајк Зафировски, порача дека Македонија мора да престане да биде земја која постојано се препознава само по својот потенцијал и дека е време потенцијалот да се претвори во конкретни резултати.

„Предолго Македонија беше опишувана како земја со потенцијал. Потенцијалот е важен, но не е доволен. Вистинското прашање е: како побрзо да преминеме од потенцијал кон перформанси? Како талентот да го претвориме во можности? Како добрата волја на дијаспората да ја претвориме во инвестиции, менторство и глобални мрежи?“, истакна Зафировски. 

Тој потсети дека организацијата уште пред две години ги дефинирала трите клучни приоритети за забрзан развој на земјата: нулта толеранција за корупција, економски раст над пет проценти годишно и изградба на ефикасна и дигитализирана држава, оценувајќи дека тие и понатаму остануваат неопходни предуслови за долгорочен развој. 

Претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо, порача дека светот денес се менува побрзо од кога било и дека токму затоа лидерството, иновациите и способноста за брза адаптација стануваат клучни фактори за успех.

„Малите држави како нашата не можат да се натпреваруваат по големина, но можат да се натпреваруваат преку агилност, знаење, иновации и брз раст. Економскиот раст денес повеќе не зависи само од капиталот, туку од луѓето, талентот и способноста брзо да се носат одлуки и да се имплементираат“, истакна Мизо. 

Тој нагласи дека зелената и дигиталната трансформација повеќе не се избор, туку неопходност, а дека дијаспората претставува огромен потенцијал за Македонија преку знаење, инвестиции, менторство и отворање нови глобални можности.

Членот на Одборот на директори на Македонија2025, Кати Ицева, ја истакна потребата од системска дигитализација и подготвеност за користење на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека без соодветна инфраструктура, податоци и дигитална зрелост не може да се создаде вистински импакт.

„Технологиите се многу битни, но тие технологии сами не можат ништо да направат. За да се дојде до вистински импакт, мора да има инфраструктура, податоци и дигитализација“, истакна Ицева, осврнувајќи се и на иницијативата „Go Digital“ преку која Македонија2025 работи на поддршка на компаниите и институциите во процесот на дигитална трансформација. 

Во текот на првиот ден од Самитот се одржуваат панели и разговори посветени на тоа што треба да се промени за Македонија и регионот да го забрзаат растот, дали регионот може да премине од потенцијал кон реални перформанси, зошто сега е вистинскиот момент за инвестиции, како инфраструктурата може да биде мултипликатор на растот, како иновациите се создаваат преку прекугранична соработка и што значи лидерство во глобална економија што постојано се менува. На Самитот учествуваат бројни домашни, регионални и меѓународни лидери од бизнисот, финансиите, технологијата, дипломатијата и академската заедница. 

Со богата агенда, силни пораки и учество на истакнати говорници од земјата и странство, годинешниот Самит на Македонија2025 уште еднаш ја потврдува својата улога како една од најзначајните регионални платформи за идеи, партнерства и иницијативи насочени кон економски развој, лидерство и глобално поврзување на Македонија.

 

…

Related Posts

Благ раст на Македонската берза, „Универзална Инвестициона Банка“ најголем добитник

25.08.2026

Божиновска: Речиси 95% од потребите за струја во јули ги покривме со домашно производство

25.08.2026

Македонската берза во благ раст: МБИ10 зголемен за 0,20 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

24.08.2026

Горивата поскапуваат, дизелот над 100 денари за литар

24.08.2026

Иловица очекува нов развоен импулс: Стаменов смета дека рудникот може да донесе бенефит за сите

24.08.2026

Божиновска: Сонцето станува еден од главните столбови на македонската енергетика

25.08.2026

Препорачани Вести

zelenski

Зеленски со предлог САД да изведат операција против Кадиров

8 месеци ago

САД и Гренланд: Поранешната данска премиерка алармира за ризик од конфронтација

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада возвраќа на Трамп со нови царини за американската стока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, огнот се прошири и во околината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Спржена земја“ во Украина: Фронтот веќе се гледа од вселената, сателитски снимки покажуваат огромно уништување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозна посета на Москва: Американски воен авион ја напушти Русија, се споменува и директорот на ЦИА Џон Ретклиф

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.