четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Генерал Лафчиски во Тирана: Македонија и Албанија ја зајакнуваат одбранбената соработка

by Redakcija
13.05.2026
in Македонија
Генерал Лафчиски во Тирана: Македонија и Албанија ја зајакнуваат одбранбената соработка

Во духот на зајакнување на регионалната безбедносна соработка и продлабочување на односите меѓу двете сојузнички армии, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, престојуваше во официјална посета на Вооружените сили на Република Албанија во Тирана, каде што оствари низа средби на највисоко воено и државно ниво.

Посетата започна со прием во албанската престолнина, каде што генералот Лафчиски беше пречекан со високи воени почести. Во рамки на агендата, тој одржа одвоени разговори со својот албански колега, началникот на Генералштабот на ВС на Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинџи, како и со министерот за одбрана Ермал Нуфи. Во фокусот на овие состаноци беа актуелните безбедносни предизвици во регионот, можностите за продлабочување на воената соработка и заедничкото учество во рамки на НАТО-мисиите и активности.

Дополнителна тежина на посетата ѝ даде и средбата со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која беа разменети ставови за безбедносната состојба во поширокиот регион и улогата на сојузничките држави во зачувување на стабилноста. Двете страни ја истакнаа континуираната и веќе воспоставена добра соработка меѓу армиите, особено преку заеднички обуки, вежби и ангажман во рамките на НАТО, што се оценува како важен столб на колективната безбедност.

Разговорите меѓу началниците на генералштабовите беа насочени кон конкретни чекори за натамошно унапредување на оперативната соработка – од заеднички вежби и обуки, до користење на расположливите капацитети на двете армии и координирано делување во кризни ситуации. Акцент беше ставен и на зголемување на интероперабилноста во меѓународните операции, како и на заедничкиот одговор на современите безбедносни закани.

Посебен сегмент од посетата беше и запознавањето со капацитетите на Полкот за специјални операции на Вооружените сили на Албанија. Македонската делегација имаше можност директно да се информира за мисијата и задачите на единицата, како и да проследи демонстрација на дел од нејзините оперативни способности.

Од Генералштабот на Армијата порачуваат дека ваквите средби претставуваат значаен чекор во континуираното унапредување на билатералната соработка, која веќе е силно развиена во областа на военото образование, обуките и заедничките активности во рамки на регионалните иницијативи како Јадранската повелба, SEDM процесот и форумот на началници на генералштабови од балканските земји. Според нив, посетата на Албанија уште еднаш ја потврдува определбата за заедничко дејствување и зацврстување на регионалната стабилност и безбедност.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ЖРСМ Инфраструктура: Работиме на надминување на проблемите наследени од недомаќинското работење во минатото

05.11.2026

Криптовалутите влегуваат во Кривичниот законик: Што треба да знаат граѓаните?

05.11.2026

ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

04.11.2026

Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет

04.11.2026

Планирате патување во Дубаи? Директните летови од Скопје се враќаат

04.11.2026

Возачите ги научиле камерите – МВР подготвува нов начин за снимање прекршоци

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Реконструкција на водоводната мрежа на ул. Даме Груев во Битола

Општина Битола објави јавен повик: 550.000 денари за младински проекти

6 месеци ago

Трамп: „Го спасив Израел, без мене земјата денес немаше да постои“

3 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕУ бара усогласување со политиките за критични суровини, Македонија треба да го отвори патот за нови рударски инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Со заедничка работа на општината и министерствата ќе ги придвижиме проектите во Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пониски приходи и добивка на Реплек, со раст на домашната продажба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЖРСМ Инфраструктура: Работиме на надминување на проблемите наследени од недомаќинското работење во минатото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.