четврток, ноември 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Бебе Реџа го поддржа протестот на албанските студенти во Македонија

by Redakcija
18.05.2026
in Македонија
Бебе Реџа го поддржа протестот на албанските студенти во Македонија

Пејачката Бебе Реџа, која живее и гради успешна кариера во САД, а потекнува од семејство од Македонија, се огласи по повод најавениот протест на албанските студенти во земјава, кој е закажан за денеска во Скопје.

Преку објава на Инстаграм, таа испрати порака во која го нагласува значењето на албанскиот јазик како суштински дел од идентитетот на заедницата. Според неа, јазикот не е само средство за комуникација, туку симбол што низ генерации бил чуван и бранет.

Во својата реакција, таа истакнува дека албанскиот јазик има длабоки корени и дека неговото зачувување претставува резултат на долга историска борба. Истовремено, потсети дека Македонија е држава со мултиетнички карактер, во која коегзистенцијата и еднаквите права на заедниците се темелни вредности, а албанскиот јазик веќе има официјален статус во институционалната употреба.

Бебе Реџа порача дека студентите кои бараат можност правосудниот испит да се полага и на албански јазик заслужуваат еднаков третман и фер услови, исто како и сите останати кандидати.

Протестот е најавен да започне во 16:30 часот кај Камениот мост во центарот на Скопје.

Инаку, пејачката е родена во 1989 година во Бруклин, Њујорк, во семејство на иселеници. Нејзиниот татко потекнува од Дебар и заминал во САД како млад човек, додека мајка ѝ има семејни корени од Гостивар, иако е родена во Америка во албанско семејство.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Од комунални проблеми до електронски услуги: Македонски концепт отвора канцеларија за поддршка на граѓаните

26.11.2026

Невреме во Македонија: Циклон од Џенова носи обилни дождови, силен ветер и снег

26.11.2026

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица: Го рехабилтираме автопатот од Гевгелија до границата со Грција и за брзо време ќе имаме модерен влез во државата

25.11.2026

Мицкоски од ЕБ форумот: Градиме доверба, ги зајакнуваме партнерствата и ја унапредуваме соработката

25.11.2026

Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците, потребата од професијата расте

25.11.2026

Божиновска: Поголемо влијание на жените во енергетските одлуки – потпишана Скопската декларација

25.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Италија воведува привремено намалување на даноците на горивата

Сите тестирани за хантавирус во Италија се негативни: Шест лица сеуште под надзор

7 месеци ago

Три тетовски села утре ќе бидат без струја

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Вучиќ најави штрајк со глад: „Ќе им забранам на лекарите да ми пружат помош, нема враќање назад“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен висок руски генерал по серијата украински напади со дронови: Осомничен е за примање огромен поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • One Albania е првиот оператор во Западен Балкан со одобрение за тестирање на технологијата Direct-to-Device на SpaceX

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подготвуваат мерки за брзите кредити и нелегалните агенции за наплата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка: Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.