вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ДЕНЕС МАКЕДОНИЈА ПОД РИЗИК ОД НЕВРЕМЕ: Попладне можни поројни дождови, грмежи, силен ветер и можен крупен град

by admin
09.06.2026
in Македонија, Република


Македонија денес ќе биде под влијание на топла воздушна маса која ќе донесе сончево и многу топло време во претпладневните часови, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од 8 до 17 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 27 до 34 степени, што ќе го направи денот еден од потоплите во овој период од годината.

Сепак, од пладневните и попладневните часови атмосферата ќе стане нестабилна. Поради силното загревање на воздухот ќе се развиваат конвективни облаци кои локално ќе условат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На одредени места процесите можат да бидат поинтензивни и да прераснат во краткотрајно невреме проследено со силни електрични празнења,
обилен пороен дожд, засилен и силен ветер и
појава на град, а локално и покрупен град

Најголеми услови за нестабилност ќе има во западните, југозападните, североисточните и делови од источните предели на земјата.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално не е исклучена ниту појава на невреме со град.

Максимална температура во Скопје околу 33 степени.

Апел до граѓаните:

Поради можноста за локално невреме, се препорачува поголема внимателност при движење на отворено. Во случај на силни грмежи и електрични празнења избегнувајте престој на отворени простори и под осамени дрвја. Возилата не ги паркирајте под стари и високи дрвја поради ризик од силни налети на ветер и паѓање гранки.

До четврток времето во Македонија ќе остане претежно топло и летно, со дневни температури кои ќе се движат меѓу 26 и 34 степени.

Во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, додека во попладневните часови и понатаму ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На повеќе места ќе постои ризик од краткотрајно невреме со интензивни врнежи и појава на град, особено во планинските и котлинските подрачја каде атмосферата ќе биде најнестабилна.

Метеоролозите препорачуваат редовно следење на временските известувања поради можноста за брзи промени на времето и локални временски непогоди.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Цигарите треба да станат „изгор“ скапи: СЗО бара драстично зголемување на цените во Македонија

24.11.2026

Николоски пред Американската стопанска комора: Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот

24.11.2026

9.000 евра за диплома без мака – обвинителството презентираше пораки и снимки

24.11.2026

По 6.000 денари за младите битолчани: Објавен јавен повик за финансиска поддршка

24.11.2026

Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

24.11.2026

Можност за младите до 30 години: Отворен оглас за инженери во седум градови во Македонија

24.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Битола во боите на поддршката: Одбележан Меѓународниот ден на лицата со ретки болести

9 месеци ago

Николоски: Државата со сериозна динамика во реализација на инфраструктурните проекти

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Цигарите треба да станат „изгор“ скапи: СЗО бара драстично зголемување на цените во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трипати се обидела да пушти лажна банкнота од 50 евра: 66-годишна тетовчанка заработи кривична

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски пред Американската стопанска комора: Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Средба на министерката Божиновска со шведскиот амбасадор Солстром: Силна поддршка за првиот форум за енергетска дипломатија и интензивирање на инфраструктурната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВОЈНАТА СЕ ШИРИ НА ДВЕ МОРИЊА: Украина нападна руски бродови од Финскиот Залив до Либија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.