петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

УЈП објави нова листа на должници

by Redakcija
12.06.2026
in Економија

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници, на која се наоѓаат вкупно 5.058 физички и правни лица со неплатени даноци и придонеси. Според податоците на УЈП, вкупниот нето-долг изнесува 12.723 милиони денари.

Од Управата информираат дека листата ги опфаќа долговите доспеани заклучно со 28 февруари 2026 година, кои не биле подмирени до 31 мај 2026 година.

Од претходно објавената Листа бр. 05/2026, повторно се појавуваат 4.922 должници. Од нив, кај 3.119 должници е забележано зголемување на долгот во вкупен износ од 280 милиони денари, додека 160 должници го намалиле својот долг за 143 милиони денари. Кај 1.643 должници износот на долгот останал непроменет.

На новата Листа бр. 06/2026 се најдоа и 136 нови должници, чии обврски достигнуваат вкупно 752 милиони денари. Од УЈП најавуваат дека во наредниот период ќе информираат и за мерките што ќе бидат преземени за наплата на овие побарувања.

Во меѓувреме, 96 должници кои беа опфатени во претходната листа, со вкупен долг од 105 милиони денари, повеќе не се наоѓаат на најновата објава.

УЈП соопшти дека на оваа листа се објавени и информации за преземените мерки за наплата кај 524 даночни должници, нагласувајќи дека ваквите податоци не претставуваат даночна тајна согласно Законот за даночна постапка и придонесуваат кон поголема транспарентност во работењето на институцијата.

Линк до листата на должници

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Можни прекини во банкарските плаќања викендов: Проверете го известувањето од вашата банка

06.11.2026

Од понеделник се менува начинот на плаќање во Банките: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?

06.11.2026

Божиновска: Напредува изградбата на гасната врска со Грција, поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година

06.11.2026

Од 1 декември построги услови за кредити: Што се менува за граѓаните?

06.11.2026

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

06.11.2026

Приходите на „Македонски Телеком“ пораснаа за 6,3%, нето-добивката за 5%

06.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ретка руда за стратешка употреба: Американци ќе копаат антимон во Македонија

7 месеци ago
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%

ИПАРД средствата повторно достапни за земјоделците, велат од ВМРО-ДПМНЕ

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Можни прекини во банкарските плаќања викендов: Проверете го известувањето од вашата банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позајмил пари за лекување на сопругата – Позајмици, закани и фиктивни договори, се бара притворза тројца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од понеделник се менува начинот на плаќање во Банките: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Викендов температури на места ќе паднат под нулата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Напредува изградбата на гасната врска со Грција, поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.