четврток, октомври 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Рекордни 40 милиони евра за вработување најаво Владата: Над 10.000 млади ќе добијат шанса за работа во 2026 година.

by admin
13.06.2026
in Економија, Македонија

Младите остануваат во центарот на владините политики, а за активните мерки за вработување во 2026 година се обезбедени речиси 40 милиони евра, со кои ќе бидат опфатени повеќе од 10.000 граѓани, соопшти Владата.

Од Владата истакнуваат дека намалувањето на невработеноста и создавањето нови работни места остануваат меѓу клучните приоритети, нагласувајќи дека резултатите од досегашните политики веќе се видливи.

„Младите остануваат во центарот на политиките на Владата. Покажуваме со конкретни дела и резултати, а не само со ветувања. Намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат наш врвен приоритет“, се наведува во соопштението.

Според презентираните податоци, преку Оперативниот план за вработување во 2025 година биле опфатени над 2.600 лица, од кои речиси 1.500 биле млади до 29 години. Во истиот период биле отворени и близу 2.200 нови бизниси, што претставува значаен поттик за локалниот економски развој и претприемништвото.

Средствата за Оперативниот план за вработување во 2025 година биле зголемени за 7,5 милиони евра во однос на претходната година, со што бил овозможен поголем опфат на граѓани и проширување на активните мерки.

За 2026 година Владата најавува уште поамбициозен пристап. Обезбедени се речиси 40 милиони евра за поддршка на вработувањето, а повеќе од 32 милиони евра директно ќе бидат насочени кон активни мерки кои треба да создадат нови можности за работа, самовработување и економски развој.

„Во 2026 година правиме чекор напред. Со обезбедените средства ќе бидат опфатени повеќе од 10.000 граѓани, а над 32 милиони евра се наменети за мерки кои директно придонесуваат за отворање нови работни места и поттикнување на економската активност“, велат од Владата.

Посебен акцент е ставен на младите. Според најавите, речиси 6.000 млади лица ќе бидат вклучени во активните мерки за вработување, додека дополнителна поддршка ќе добијат преку програмите за практикантство, обуки за стекнување нови вештини и младински додаток.

Во рамки на мерките е предвидена и поддршка за самовработување, отворање нови работни места и стимулирање на компаниите да вработуваат млади луѓе, особено во производствените капацитети.

Околу 3.500 млади лица до 23 години ќе имаат право на младински додаток во висина од 3.000 денари месечно, мерка која има за цел да го поттикне вработувањето и да ги мотивира младите да останат во земјава.

„Создаваме економија што нуди шанси, ги задржува младите дома и обезбедува сигурна иднина за секој граѓанин. Продолжуваме да инвестираме во луѓето и да испорачуваме конкретни резултати кои носат развој и подобар животен стандард“, се наведува во соопштението.

Според најавите, мерките ќе се реализираат преку нови програми за вработување, обуки, поддршка за претприемништво и финансиска помош за отворање сопствен бизнис, со цел дополнително намалување на невработеноста и поттикнување на економскиот раст во државата.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

28.10.2026

Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,42 отсто и најголем промет со акциите на Алкалоид

28.10.2026

Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

28.10.2026

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

28.10.2026

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

28.10.2026

Европа вложува милијарди во критични суровини — може ли Македонија да привлече нови рударски инвестиции?

28.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

(ВИДЕО) ОВА МОРА ДА СЕ ВИДИ: Историски потег на Рускиот борач кој со спектакуларно фрлање во последна секунда го шокираше светскиот првак и обезбеди финале

8 месеци ago

САД предупредуваат: Западен Балкан останува жариште на Руски влијанија

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ: „Почна револуционерниот терор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје и околните села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.