понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Злоупотреби во Демир Хисар: Осуденици завршувале на лекување наместо во затвор?

by Redakcija
27.06.2026
in Република

Националниот превентивен механизам (НПМ) при Народниот правобранител изнесе наводи за сериозни неправилности во психијатриската болница „Демир Хисар“, каде, според нивни наоди, околу 20 осуденици без психичко заболување биле упатени на лекување наместо на издржување затворска казна.

Според извештајот презентиран од заменичката-омбудсман Соња Трифуновска, при контрола спроведена во декември 2025 година биле затекнати лица кои се пресметливи и здрави, но преку, како што се наведува, сомнителни судско-психијатриски вештачења биле пренасочени кон форензичко лекување.

НПМ посочува дека за случајот е побарано објаснување и од Комората на вештаци, со цел да се провери примената на етичките и професионалните стандарди во изработката на експертизите.

Во извештајот се наведува дека со години се констатираат сериозни проблеми во повеќе затворски установи во земјата, меѓу кои Идризово, Скопје, Куманово, Струга и Охрид, како и во воспитно-поправни и полициски установи, каде условите за работа и престој се оценети како незадоволителни.

Трифуновска предупредува дека ваквите случаи може да доведат до нарушување на принципот на еднаквост пред законот, доколку санкциите не се темелат на објективни и независни медицински проценки.

Таа додава дека вработените во „Демир Хисар“ се изложени на зголемен ризик, додека дел од сместените лица, кои се од криминален профил, ја злоупотребуваат системската празнина. Според неа, тоа влијае и на вистинските пациенти, кои добиваат помалку внимание и подолги чекања за третман.

НПМ најавува продолжување на надзорот и препораки за надминување на утврдените состојби.

Извор: plusinfo.mk

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Тоневски: Се санира покривот на ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип, оштетен од летното невреме

23.11.2026

Утре без струја во делови од Тетово и Голема Речица: Прекини до пет часа

23.11.2026
УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

22.11.2026
Жителите на истокот ќе добијат подобра патна врска: Избрана трасата Кочани – Виница – Делчево

Жителите на истокот ќе добијат подобра патна врска: Избрана трасата Кочани – Виница – Делчево

22.11.2026
Внимателно по патиштата, без зимска опрема не тргнувајте: АМСМ со утрински информации за возачите

Внимателно по патиштата, без зимска опрема не тргнувајте: АМСМ со утрински информации за возачите

22.11.2026

Два државни турнира во Битола: Младите пингпонгари играат за титула и пласман на „Топ 8“

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: Поинтензивна соработка меѓу МЕРМС и МАНУ – македонски експерти да ги креираат стратешките политики за енергетиката и рударството

5 месеци ago
Кои електрични автомобили се најпродавани во Европа во јануари?

Кои електрични автомобили се најпродавани во Европа во јануари?

9 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Се санира покривот на ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип, оштетен од летното невреме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да препознаете измама за Black Friday? Овие трикови можат да ве чинат многу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал со вештачка интелигенција во Јужна Кореја: Министерот за образование поднесе оставка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата приведе 31-годишник од тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.