четврток, октомври 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

(ВИДЕО) СТРАВИЧНИ СЦЕНИ ОД ВОЗДУХ: Дрон ја сними катастрофата што ја потресе Венецуела – исчезнати над 68.900 лица

by admin
28.06.2026
in Свет, Црна Хроника

Венецуела и натаму се соочува со последиците од катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата оваа недела. Според најновите информации, повеќе од 68.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати, додека спасувачките екипи продолжуваат со трката против времето во потрагата по преживеани.

Двата силни земјотреси со магнитуда 7,2 и 7,5 степени според Рихтер, кои ја погодија земјата во средата, предизвикаа огромни разурнувања во повеќе региони. Според официјалните податоци, 1.430 лица загинаа, а 3.238 се повредени.

Светот испраќа помош

Во спасувачките операции се вклучени околу 30.000 венецуелски спасувачи, а дополнителна поддршка пристигна од бројни држави ширум светот.

Вршителката на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, соопшти дека досега 24 земји испратиле меѓународна помош.

Според неа, во земјата пристигнале:

– 521 тон хуманитарна помош,
– 86 спасувачки тимови со кучиња,
– повеќе од 2.741 спасувачи, медицински и логистички експерти.

Покрај професионалните тимови, голем број локални жители со голи раце ги пребаруваат урнатините во надеж дека ќе ги пронајдат своите најблиски.

Трката со времето станува сè потешка

На социјалните мрежи се споделуваат драматични снимки од спасувањето на преживеани, меѓу кои има и мали деца и бебиња извлечени од урнатите згради.

Спасувачите предупредуваат дека првите 72 часа по земјотресот се најкритични за пронаоѓање преживеани, а тој период веќе е поминат, што дополнително ја усложнува потрагата.

Европската Унија изрази солидарност

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, соопшти дека разговарала со Делси Родригез и ја изразила целосната поддршка на Унијата.

„Ја пренесов целосната солидарност на Европската Унија со народот на Венецуела и најдлабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски“, напиша Калас.

Таа додаде дека ЕУ веќе мобилизирала 5 милиони евра итна хуманитарна помош за погодените подрачја.

Огромна материјална штета

Според прелиминарната проценка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), директната материјална штета предизвикана од земјотресите изнесува околу 6,7 милијарди американски долари.

Спасувачките операции продолжуваат без прекин, додека надежта за пронаоѓање нови преживеани со секој изминат час станува сè помала.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

28.10.2026

Примиле пари од Германија, а не ги пријавиле – Кривични пријави против мајка и син

28.10.2026

Дали жртвите биле нападнати поради пари? Се истражуваат случаите во Ѓорче Петров

28.10.2026

Најмалку 10 загинати, многумина повредени: Тешка несреќа на брзата железница во Шпанија

28.10.2026

Контрола во фирма за канабис открила нешто што не можело да се покрие со документи

28.10.2026

Трамп, Путин и Си на иста маса? Се разгледува средба во Кина, Украина меѓу можните теми

28.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Продолжува визијата на Пеце Стојановски – Стентон: Деловен собир во Битола

8 месеци ago

УЈП објави нова листа – Еве кој им должи на државата

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ: „Почна револуционерниот терор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје и околните села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.