сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Драма над Македонија: Испукал прозорец на авион на Ryanair, патници преживеале вистински хорор

by Redakcija
11.07.2026
in Македонија

Сериозен авионски инцидент се случил во петокот на летот на Ryanair од Солун до Минхен, кога за време на летот над македонскиот воздушен простор испукал еден од прозорците на авионот, што предизвикало нагла декомпресија на кабината и активирање на маските за кислород.

Според сведоштвата на патници, по силен тресок кабината останала без притисок, а 61-годишен српски државјанин, кој седел покрај оштетениот прозорец, бил повлечен кон отворот од силата на воздухот. Благодарение на безбедносниот појас и брзата реакција на патниците кои седеле до него, тој бил извлечен назад во кабината.

Пилотот веднаш прогласил вонредна состојба и го вратил авионот на аеродромот во Солун, каде леталото безбедно слетало. Повредениот патник бил пренесен во болница поради повреда на вратот, а лекарска помош добила и бремена патничка, која по преглед била пуштена дома.

Иако авионот полетал и слетал во Грција, истрагата ќе ја води Македонија, бидејќи инцидентот се случил во македонскиот воздушен простор. Во истрагата ќе бидат вклучени и експерти од Грција, Малта и САД, како и производителите Boeing и CFM International.

Истражителите ќе ги анализираат податоците од црните кутии, разговорите во пилотската кабина, документацијата за одржување на авионот и сите оштетени делови, со цел да утврдат што точно го предизвикало сериозниот инцидент. Според меѓународните правила, конечниот извештај ќе го објават македонските истражни органи.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

30.10.2026

Повеќе пари за студентски оброк, попусти и дигитално плаќање: Што се менува со владиниот предлог

29.10.2026

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

29.10.2026

БОЖИНОВСКА: ИНОВАЦИИТЕ И НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ СЕ КЛУЧНИ ЗА ПОСИГУРЕН ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ И ПОКОНКУРЕНТНА ЕКОНОМИЈА

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВИДЕО: Фрлање на крстот во Лерин донесе буткање и тепање

10 месеци ago

Божиновска: Да им дадеме поддршка на младите нивните идеи да станат реалност

1 месец ago

Популарни Вести

  • Тројца вооружени ограбиле обложувалница во Скопје, одзеле пари од дневниот промет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брвеница утре избира градоначалник: Денеска гласаат болните и изнемоштените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мерцедес“ излетал од автопат и завршил во двор кај Трубарево: Двајца тешко повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема акција на полицијата: Контроли во Скопје, Прилеп, Штип, Боговиње и Демир Капија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателот го прекина патувањето, полицијата пред судот: Што се случува во Полска?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.