четврток, октомври 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Жештината повторно алармира: Коњ што влечел запрежна кола паднал и угинал среде пладне во Велес

by Уредник
09.08.2026
in Република
Жештината повторно алармира: Коњ што влечел запрежна кола паднал и угинал среде пладне во Велес

Вознемирувачка сцена денеска во Велес, во периодот кога температурите се највисоки. Коњ кој влечел запрежна кола паднал на коловозот и угинал на улица над Автобуската станица.

Според објавата на локалната страница „Ти Реков Ми Рече“, настанот се случил околу пладне, а животното останало да лежи на патот, додека на местото се собрале повеќе граѓани.

Случајот повторно го отвора прашањето за користењето животни за влечење запрежни коли во услови на екстремно високи температури, особено во најтоплиот дел од денот.

Последниве денови жештината веќе предизвикува сериозни здравствени проблеми и кај луѓето. Претходно беше регистриран и случај на возач кој поради високите температури колабирал зад волан, изгубил свест и предизвикал сообраќајна незгода.

Во Велес, пак, денешната сцена со угинатото животно предизвика реакции и повторни повици за поголема контрола и почитување на Законот за заштита и благосостојба на животните.

Засега нема официјална информација за точната причина поради која коњот паднал и угинал, но фактот дека настанот се случил среде пладне, во период на високи температури, дополнително ја отвора темата за условите во кои се користат запрежните животни.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

28.10.2026

ВИДЕО: Снег вее на Стража

27.10.2026

Делови од Тетово и повеќе тетовски села утре без електрична енергија

27.10.2026

Коњановски: Нови топлински пумпи во ОУ „Стив Наумов“ за енергетски ефикасно и позелено училиште

27.10.2026

Проданоски: По 14 години, меѓународниот тутунски форум повторно во Македонија

27.10.2026

Прекини во снабдувањето со струја утре во Тетовско

26.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Француска министерка: НАТО не е за операции надвор од Европа

7 месеци ago
22 април: Денот на планетата Земја

22 април: Денот на планетата Земја

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ: „Почна револуционерниот терор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје и околните села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.