понеделник, октомври 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Општина Битола: Дополнителна дезинсекција против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска

by Redakcija
13.08.2026
in Република, Топ Вести

Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција против комарци на територијата на општината, како превентивна мерка поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата и зголемениот ризик од ширење на Западнонилската треска.

Според информациите од Центарот за јавно здравје – Битола, до 9 август годинава веќе се реализирани сите предвидени редовни активности за дезинсекција – три ларвицидни и три адултицидни третмани.

Сепак, поради прогласената епидемија на Западнонилска треска на дел од територијата на Скопје и потребата од дополнително намалување на бројноста на комарците, Општина Битола, во консултација со Центарот за јавно здравје – Битола, ќе спроведе дополнителни третмани.

Дополнителната ларвицидна дезинсекција ќе се спроведе на 19 август, додека адултицидната дезинсекција ќе се реализира од 23 до 27 август, согласно условите и динамиката на теренските активности.

Ларвицидниот третман е насочен кон уништување на ларвите во местата погодни за размножување на комарците, додека адултицидната дезинсекција ги таргетира возрасните комарци. Со комбинираното спроведување на мерките се очекува дополнително намалување на популацијата на комарци и потенцијалниот ризик од пренос на векторски заболувања.

Од Општина Битола информираат дека состојбата ќе продолжи да се следи во соработка со Центарот за јавно здравје и дека, доколку има потреба, ќе се преземаат дополнителни превентивни мерки.

Воедно, граѓаните се повикуваат да придонесат во контролата на комарците со отстранување на застојаната вода од дворови, тераси, саксии, садови и други места каде што комарците можат да се размножуваат.

Се препорачува и користење заштитни мрежи на прозорците и вратите, како и примена на соодветни мерки за лична заштита од убоди од комарци.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата

11.10.2026

Тоневски од Пробиштип со честитка за 11 Октомври: Вечна слава на борците за слобода!

11.10.2026

Жестока дебата помеѓу Илија Димовски и Андреј Ковачев на ФБ: Димовски побара признавање на Македонците во Бугарија

11.10.2026

Коњановски: 11 Октомври е симбол на отпорот и борбата за слобода на македонскиот народ

11.10.2026
Од утре започнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од утре започнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

11.10.2026

Тоневски: Се оспособува патот до Јамиште во Пробиштип, следува расчистување кон Шталковица

10.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Недела носи дожд и грмежи: Можни локални невремиња по топлиот бран

3 месеци ago

(ВИДЕО) Хаос на тротоар: Автономни роботи за достава заглавија – реакцијата на луѓето ги шокираше сите

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Референдуми во Словенија за социјалната помош, правото на глас на странците и јавниот радиодифузен сервис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Не го прекршувајте!“: Трамп објави енергетско примирје меѓу Русија и Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов напад врз аеродромот во Ријад: Еден загинат и најмалку 11 повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рудник за бакар и злато отворен во туристичкиот Халкидики, инвестицијата надминува две милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.