понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Пет пожари сè уште активни во земјава, огнот зафатил и куќа

by Redakcija
18.08.2026
in Македонија

Вкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13 часот, од кои пет се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Студеничани, каде огнот се шири на потегот од село Моране преку Вртекица до Рамни Габер и зафаќа мешана шума.

Пожари има и во Општина Македонски Брод, во местото Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Активен е и пожарот во Општините Јегуновце и Сарај, кај селата Копанце и Туденце, со проширување кон Бојане, каде е зафатена мешана шума.

Во Општина Прилеп активен е пожарот кај селото Чаниште, каде гори ниска вегетација.

Најсериозна е состојбата во Општина Старо Нагоричане, каде пожарот кај селата Орах, Диманце и Руганце зафатил шумска површина, а во огнот е зафатена и една куќа.

Пожарот кај депонијата во Делчево е ставен под контрола.

Во меѓувреме, целосно се изгаснати пожарите кај Милетино во Општина Брвеница, Железница во Општина Кратово, Ветуница во Општина Ранковце, како и пожарот на потегот меѓу Велес и Зелениково, кај С’лп, Горно Село, Карабуниште и Бузалково.

Изгаснати се и пожарите во Батинци, Општина Студеничани, како и во Палиград, Општина Зелениково.

Од ЦУК продолжуваат да ја следат состојбата на терен и апелираат на внимателност поради високата опасност од ширење на пожари на отворен простор.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

22.11.2026
Мицкоски најави поевтини станови за млади брачни парови и повисок студентски оброк

Мицкоски најави поевтини станови за млади брачни парови и повисок студентски оброк

22.11.2026
Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

22.11.2026
(ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

(ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

22.11.2026
Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

22.11.2026
Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Шестгодишно дете загина во пожар во семејна куќа во Бања Лука

Шестгодишно дете загина во пожар во семејна куќа во Бања Лука

6 месеци ago
Медиумската моќ на Super Bowl: Зошто компаниите плаќаат највисоки цени за внимание

Медиумската моќ на Super Bowl: Зошто компаниите плаќаат највисоки цени за внимание

10 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја дел од Аеродром и Катланово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја во делови од Тетово и Голема Речица: Прекини до пет часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фајненшл тајмс: Вучиќ лично вршел притисок да се тргнат пречките за хотелот на Трамп во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.