вторник, ноември 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Фотографии – Македонија има дата центар уште од 2023 година: Еве како изгледа

by Redakcija
31.08.2026
in Uncategorized

На само два километри од Прилеп, Македонија од 2023 година има современ ИКТ центар наменет за чување на податоци и опоравување на информатичките системи во случај на катастрофи.

Објектот е реализиран од Министерството за внатрешни работи, а инвестицијата изнесува околу 11,5 милиони евра. Станува збор за еден од најзначајните државни проекти од ваков тип во регионот, чија главна цел е обезбедување дополнителна заштита на критичните податоци и информатичката инфраструктура.

Центарот е дизајниран да обезбеди зачувување на податоците од примарниот информатички систем во ситуации предизвикани од природни непогоди, како земјотреси, но и во случај на човечки фактор, вандализам, терористички закани или прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Објект проектиран со високо ниво на заштита

Според проектното решение, објектот е конципиран со посебно внимание на физичката безбедност и заштитата на информатичката опрема.

Центарот располага со двојни армирано-бетонски ѕидови, дополнителна термичка и противпожарна изолација, како и заштитна ограда околу целиот комплекс.

Безбедноста е дополнително засилена со 24-часовен видео надзор и физичко обезбедување, додека пристапот до објектот е строго ограничен.

Проектот е изработен од белградското архитектонско студио „1Х2 Студио“, предводено од архитектот м-р Зоран Абадиќ.

Со изградбата на овој центар, државата доби инфраструктура која има за цел да обезбеди континуитет на функционирањето на клучните информатички системи и заштита на податоците дури и во услови на сериозни непредвидени ситуации.

Дата центарот кај Прилеп претставува значаен дел од современата дигитална и безбедносна инфраструктура на Македонија.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

29.10.2026

Рама: Приведените демонстранти не се студенти, туку поттикнувачи на насилство

23.10.2026

Радичевски со огромна предност, според првичните неофицијални резултати

18.10.2026

Србија следната недела ги поставува првите цевки за гасоводот кон Македонија

07.10.2026

Општина Тетово со важно предупредување – рокот е до 1 октомври

23.09.2026
(ВИДЕО) Масакр во џамија во Пакистан: Автомобил-бомба и 20-часовна престрелка оставија десетици жртви

(ВИДЕО) Масакр во џамија во Пакистан: Автомобил-бомба и 20-часовна престрелка оставија десетици жртви

20.09.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Брисел го доведува во прашање финансирањето од 1,6 милијарди евра поради судските измени во Србија

Брисел го доведува во прашање финансирањето од 1,6 милијарди евра поради судските измени во Србија

9 месеци ago
Три бродови погодени со ракети во Ормускиот Теснец: Екипажите безбедни, еден брод се запали

Три бродови погодени со ракети во Ормускиот Теснец: Екипажите безбедни, еден брод се запали

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: 82 години слободен Прилеп – да градиме град во кој младите ќе гледаат иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Следува заладување: За викендот температурите ќе паднат под нулата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЖРСМ Транспорт: Препораките на ДЗР ги претвораме во конкретни мерки за финансиска и оперативна стабилизација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повисоки плати во Армијата: Што сè ќе опфати најавеното покачување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Туркије ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.