петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Нема труење во Тетово: Лекарите откриваат што стои зад зголемениот број прегледи на деца

by Redakcija
03.09.2026
in Република

Нема регистрирано труење кај деца во Тетово, ниту има причина за паника поради зголемениот број прегледи и хоспитализации во Клиничката болница Тетово. Од установата појаснуваат дека бројките се однесуваат на период од 48 часа и дека станува збор за пациенти со различни симптоми и дијагнози.

Директорот на Клиничката болница Тетово, д-р Ерзен Елези, вели дека во изминатите 48 часа биле регистрирани 139 приеми, од кои 12 деца биле задржани на болничко лекување. Според него, ваквите бројки не се невообичаени за овој период од годината.

„Како што е пишано по порталите, тоа не е точно. Нема место за паника. Бројките се за 48 часа, што е нормално, и други години било така. Во тие 48 часа прегледите и хоспитализациите се со различни симптоми, не се исти. Имаме пациенти со горнореспираторни инфекции и, нормално, со вируси“, изјави Елези.

Неговата изјава следува по реакцијата на Алијансата за Албанците, од каде што обвинија за, како што велат, двојни аршини при известувањето за бројот на пациенти во Гостивар и Тетово.

Од партијата наведуваат дека во Гостивар биле објавувани кумулативни бројки во кои биле вклучени и повторени прегледи, контакти со здравствени установи, телефонски повици и советувања, додека реалниот број на хоспитализирани пациенти бил значително помал.

Од друга страна, од здравствените институции во Тетово нагласуваат дека нема пријава за сомнеж за труење ниту до Центарот за јавно здравје, ниту до Институтот за јавно здравје.

Во овој период од годината, кога температурите се високи, лекарите очекуваат поголем број пациенти со цревни инфекции.

Слична состојба се забележува и на Клиниката за детски болести, каде дневно се регистрираат околу 100 прегледи. Директорот на клиниката, д-р Реџеп Мемеди, посочува дека околу 60 проценти од пациентите се со симптоми карактеристични за цревни инфекции.

„Вообичаено овој период од годината, поради високите температури, доминираат цревни инфекции со дијареа, повраќање, понекогаш фебрилност и дехидрираност. Бројката не е невообичаена. Ние имаме околу 100 прегледи за едно деноноќие, но имаме и други патологии. Околу 60 проценти се цревните инфекции, но така е секоја година“, вели Мемеди.

Педијатрите апелираат до родителите да ги почитуваат препораките за заштита на децата во периодот на високи температури. Особено внимание треба да се посвети на редовниот внес на течности и спречувањето на дехидрација, особено кај малите деца.

Извор: Сител.мк

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Одговорност треба да има и за напаѓачите и за родителите

05.11.2026

Меџити: Подобра инфраструктура и поедноставни процедури за раст на компаниите во Боговиње

05.11.2026

„Алта банка“ ќе работи и во сабота: Во Битола веќе се исплатени 556 пензионери

05.11.2026

Тоневски: Пробиштип ја гради иднината со младите, усвоен Акциски план за 2027/2028 година

05.11.2026

Утре без струја делови од Тетово: Прекини до пет часа

05.11.2026

Проданоски: Прилеп е домаќин на меѓународна конференција за здравствени и социјални услуги

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Повеќе делови од Тетово утре ќе бидат без струја

7 месеци ago
„Flydubai“ реализираше лет кон Белград, околу 200 патници се вратиле дома

„Flydubai“ реализираше лет кон Белград, околу 200 патници се вратиле дома

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Телефоните поскапеа за околу 20 отсто, а продажбата падна за една петтина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Одговорност треба да има и за напаѓачите и за родителите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Подобра инфраструктура и поедноставни процедури за раст на компаниите во Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израелски и македонски хирурзи извршија 16 операции за повредените во трагедијата во Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Алта банка“ ќе работи и во сабота: Во Битола веќе се исплатени 556 пензионери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.