сабота, октомври 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ДЕТАЛИ ЗА ПАДОТ НА ПРИЛЕПСКАТА МАФИЈА: Митот за недопирливите во Прилеп зад кои стоеја и полицајци конечно падна!

by Redakcija
03.10.2026
in Црна Хроника

Над 50.000 евра се пронајдени во банкарски сеф при дополнителен претрес во Прилеп, со што бројот на претресени локации во големата полициска акција против организирана криминална група достигна 37, соопшти денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

Јанев при посетата на полициската станица во Прилеп рече дека по акцијата спроведена пред два дена е засилено и полициското присуство во градот, со цел полицијата да биде повидлива и поблиску до граѓаните.

За случајот кривична пријава е поднесена против 21 лице. Во неа не се опфатени четворицата осомничени полициски службеници, за кои е надлежна Внатрешната контрола на МВР. Од осомничените, на 14 лица им е определен притвор до 30 дена, додека четири лица се во куќен притвор.

– Уште една локација беше претресена вчера, исто така во Прилеп, во банка, во сеф, каде што пронајдовме дополнителни парични средства, над 50.000 евра, а пронајдовме и одзедовме моторни возила. Во тие 37 локации, четири беа извршени кај полициски службеници, вработени во рамките на Одделението за внатрешни работи во Прилеп – рече Јанев.

Тој додаде дека по поднесената кривична пријава, судот во Скопје донел мерки за обезбедување на осомничените.

– Тоа што се случи пред два дена овде и во Скопје и во Струга не е случајна акција, туку операција која, се надевам, вроди со резултати и се надевам дека граѓаните на Прилеп полека ќе го почувствуваат сето ова. Тоа што е најважно за мене и за колегите е дека митот за недопирливите во Прилеп конечно падна. Никој не може да се крие зад одредени врски, познанства и да се шета по прилепските улици и да се прави недопирлив. Како полиција, тоа нема да го дозволиме – изјави Јанев.

МВР на 30 септември спроведе координирана полициска акција по повеќемесечна истрага, при што, според полицијата, била сузбиена 21-члена организирана криминална група. Групата била составена од 20 лица од Прилеп и едно лице од Скопје, а, според МВР, била инволвирана во недозволена трговија со дрога и економски криминал.

Истрагата продолжува, а Јанев не ја исклучи можноста да бидат осомничени и други лица.

По големата акција, во која полицијата дејствуваше во Прилеп, Скопје и Струга, во Прилеп е засилено полициското присуство.

Јанев вели дека целта е полицијата да воспостави посилна врска со граѓаните и да ги охрабри да пријавуваат случаи поврзани со криминалот.

– Секојдневно ќе бидеме присутни со граѓаните, полицијата ќе биде уште повидлива, сакаме да ја зголемиме транспарентноста со граѓаните и да ги охрабриме. Упатувам апел сите ние да се охрабриме и да не молчиме. Да не бидеме само неми набљудувачи на одредени случувања. Кога има појава, да зборуваме гласно, кога има потреба – да дејствуваме и проблемите заеднички да ги решаваме. Полицијата е партнер на граѓаните и постои за нив – рече Јанев.

Тој најави дека полицијата ќе бара соработка и со сопствениците на угостителските објекти, за кои смета дека можеби имале искуства со осомничените.

Според Јанев, осомничените повеќе од 15 години ја воспоставувале мрежата за продажба и дистрибуција на дрога.

– Сигурно голем дел од сопствениците на угостителски објекти имале какви било искуства со осомничените. Ние сакаме со нив да воспоставиме партнерски пристап за во иднина да не се случуваат вакви појави. Тоа значи дека полицијата ќе биде поблиску до граѓаните, ќе биде видлива – рече Јанев.

Директорот оцени дека моменталната безбедносна состојба во Прилеп е поволна и покрај големата полициска акција.

– Бројките за безбедносната состојба во Прилеп, не само по случајот кој го завршивме пред два дена, генерално покажуваат дека трендот бележи намалување на кривичните дела од аспект на извршување на сериозниот криминал на подрачјето на ОВР Прилеп. Тоа што евентуално ги подигнува бројките е во делот на имплементацијата на законот поврзан со сообраќајот, но безбедносната состојба е поволна – рече Јанев.

Тој додаде дека целта на полицијата е дополнително да го намали бројот на кривични дела и прекршоци со кои се нарушува јавниот ред и мир.

Како позитивен податок го посочи и зголеменото откривање на кривичните дела со непознат сторител.

Јанев се осврна и на неговото учество на конференцијата на ЕУ за шефовите на полициите, која се одржа во Хаг.

Тој рече дека на средбата со директорот на Европол биле разменети информации за работата на македонската полиција и за можностите за продлабочување на меѓународната полициска соработка.

– Со директорот на Европол имавме отворена, пријателска средба каде што македонската полиција беше вреднувана. Иако сме трета земја нечленка на ЕУ, самиот факт што ние во 2024 и во 2025 година кумулативно имаме размена и зголемена полициска соработка за 99 проценти со сите партнерски служби, вклучително и Европол, е факт дека македонската полиција и тоа како е вреднувана и е на едно од повисоките нивоа во рамките на оваа меѓународна организација – изјави Јанев.

Тој посочи дека разговорите биле насочени и кон зајакнување на размената на информации, подобрување на нивниот квалитет и можноста за заеднички истраги со полициски служби од други земји.

– Отворивме нови поглавја кои најверојатно ќе следуваат во блиска иднина, но македонската полиција е рамо до рамо со сите европски полиции – рече Јанев.

Јанев додаде дека на средбите со европските полициски служби се разговарало и за евентуалното дејствување на полициите во периодот по завршувањето на конфликтот во Украина.

– Имавме средби со полициите од европските земји и македонската полиција е почитувана и вреднувана. Секако, битката со организираниот криминал, со криминалните мрежи, е во врвот на нашите интереси. Разговараме и како, како полиции, да дејствуваме во евентуалното завршување на конфликтот во Украина – рече директорот на Бирото за јавна безбедност.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Телефонска измама прерасна во киднапирање – биле “прочитани”, но не се откажале

03.10.2026

Голема полициска акција во Скопје – 19 лица лишени од слобода

03.10.2026

Акција во Велес: Приведен 42-годишник, запленети дрога, вага и пари

03.10.2026

Акцијата во Прилеп не запира: Претресена 37. локација, пронајдени над 50 илјади евра

02.10.2026

Пронајден кокаин кај 23-годишник од Охрид

02.10.2026

Претрес во дом во Скопје: Полицијата пронашла рачна бомба „кашикара“

02.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Најпознатиот ТикТокер во светот Каби Лејм го лиценцираше својот лик за речиси 1 милијарда долари: AI аватар ќе го заменува ТикТокерот

8 месеци ago

Големи прекини во снабдувањето со електрична енергија утре во Тетово и тетовско

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Шкода повлекува 1,7 милиони возила – Ова е причината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пресретнат план: Русија наводно подготвува голема зимска офанзива врз украинската енергетика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Саудиска Арабија повеќе од двојно го зголеми извозот на нафта за само еден месец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доматот крие својства за кои малкумина знаат: Добро размислете следниот пат кога ќе го загризете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некогаш кристално чистите реки стануваат портокалови: „Последиците би можеле да бидат големи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.