Сопружници од Скопје физички се пресметале во својот дом на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање околу нивната малолетна ќерка.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје вчера, 3 октомври, во 16:25 часот. Според Министерството за внатрешни работи, во пресметката учествувале 31-годишен маж и 33-годишна жена.
Полицијата не соопшти дали некој е повреден, ниту објави дополнителни детали за околностите на настанот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, информира МВР.











