вторник, ноември 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Оценки за пари? Претреси поради сомнежи за манипулации на штипскиот универзитет

by Redakcija
03.11.2026
in Црна Хроника

Полициски претреси се спроведуваат на повеќе локации во Штип и Скопје во рамки на истрага за можни манипулации со оценки, испитни бодови и студентски досиеја на Универзитетот „Гоце Делчев“, објави „Скопје1“, повикувајќи се на неофицијални извори од истрагата.

Според порталот, во фокусот е вработен кој раководел со ИТ-секторот на Универзитетот. Постојат сомнежи дека подолг период неовластено интервенирал во електронската студентска евиденција.

Неофицијалните информации укажуваат на наводно менување испитни бодови, бришење оценки и овозможување запишување семестри на студенти што не ги исполнувале условите. Се проверуваат и сомнежи дека за ваквите интервенции бил наплаќан паричен надомест.

„Скопје1“ наведува дека при претрес во домот на осомничениот била пронајдена поголема сума готовина. Засега не се потврдени ниту точниот износ ниту евентуалната поврзаност на парите со предметот на истрагата.

Според објавата, во акцијата учествуваат службеници од СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје и службите за компјутерски криминал.

Претресите се во тек. Во моментот на објавувањето на информацијата нема официјална потврда од МВР за опфатените лица, можни приведувања или кривичните дела за кои се постапува.

Извор: Скопје1

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Рачна бомба, два пиштола и 253 куршуми пронајдени при претрес кај скопјанец

02.11.2026

Тројца малолетници претепани од група врсници во Аеродром

02.11.2026

Кривични пријави против двајца полицајци: Сомнежи за кражба и полово вознемирување

02.11.2026

Мајка пријавена откако не ја вратила ќерката кај таткото

02.11.2026
ОЈО СО МОНСТРУОЗНИ ДЕТАЛИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО СКОПЈЕ: Жртвите ги врзувале и тепале, украденото злато го продавале во Чаршија

ОЈО СО МОНСТРУОЗНИ ДЕТАЛИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО СКОПЈЕ: Жртвите ги врзувале и тепале, украденото злато го продавале во Чаршија

01.11.2026
КРВАВА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Малолетник со тешки повреди заврши во Ургентниот центар!

КРВАВА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Малолетник со тешки повреди заврши во Ургентниот центар!

01.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски најави образовни реформи: Предност за вработување на најдобрите студенти

Мицкоски најави образовни реформи: Предност за вработување на најдобрите студенти

7 месеци ago
Општина Центар казни четири градилишта за зафаќање јавни површини

Општина Центар казни четири градилишта за зафаќање јавни површини

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Полициски началници во Белград завршија зад решетки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија ќе врати над 19 тони јаболка од Македонија поради пестициди над дозволените граници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Промовиран документарниот филм „Битола, мој роден крај“ за Ајри Демировски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оценки за пари? Претреси поради сомнежи за манипулации на штипскиот универзитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Студентската листа“ со план за првите 100 дена: Што најавува за институциите и економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.