Connect with us

Инфо +

„Гоце Делчев пишyвaл нa бугapcки јазик“!

Published

on

Гоце Делчев пишувал писма на официјален бугарски јазик. Тогаш секој знаел да пишува бугарски, а тоа во Македонија е тајна. Никаде не е напишано, никаде не е дискутирано. Се поставува прашањето зошто тоа е скриено, изјави Љупчо Георгиевски на гостувањето на емисијата „Стадион“ на радио „Канал 77“.

Според него решавањето на прашањето со Бугарија за јазикот се решава преку индиректни позиции и историјата помеѓу Бугарија и Македонија во 19 и 20 век не е така црна како што се претставува.

Што е проблем да кажеме дека во времето на Османлиската империја, во сите македонски организации официјален јазик за користење бил бугарскиот. Тогаш секој знаел да пишува бугарски. Тоа е тајна во Македонија, никаде не е напишано, дискутирано. Тука е проблемот, ако го криеш, се поставува прашањето зошто го криеш. Арапскиот јазик е официјален во Турција до реформите на Ататурк. Турците тоа не го кријат денес. Треба да си признаеме, да биде еден вовед, замена за бугарската теза. До пред кодифицирање на македонскиот јазик, македонската интелигенција официјално го користи бугарскиот јазик. Отвораш еден документ на ВМРО, сите се напишани на официјален бугарски јазик. Значи сите тие, писмата на Гоце Делчев, независно, сите писма на Делчев се на официјален бугарски литературен јазик, изјави поранешниот премиер на државата.

Георгиевски вели дека во македонското образование овие историски факти се избегнуваат и не се наведени, со ретки исклучоци во некои стручни книги, но како генерално знаење тоа не постои.

Јас не имплицирам ништо со тоа, а често слушам дека во тоа време немало избор и затоа се користел бугарскиот јазик. Тоа не е точно, избор постоел. Српски, грчки, турски и бугарски јазик можело да се избере, а Македонците го избрале бугарскиот како официјален во нивната комуникација, додаде Георгиевски.

Македонија

Мерки за проточен сообраќај на Попова Шапка: СВР Тетово и Агенцијата за државни патишта со заеднички план

Published

on

СВР Тетово и Агенцијата за државни патишта одржаа работен состанок за создавање услови за проточен сообраќај во текот на зимската сезона на Попова Шапка

Во текот на минатата недела полициски службеници од СВР Тетово одржаа работен состанок со претставници од Агенцијата за државни патишта и од Одделот за сообраќајни работи при општина Тетово, со цел утврдување на решение за одржување проточен сообраќај во текот на зимската сезона на Попова Шапка, посебно за време на викендите.
На состанокот беше договорено да се засилат контролите на возилата и доколку не поседуваат зимска опрема и зимски гуми, да не им се дозволува да продолжуваат кон Попова Шапка, како и да се даде препорака да се користи јавниот превоз на патници, кој за време на викендите ќе има редовна линија со распоред Тетово-Попова Шапка и обратно.
СВР Тетово апелира до граѓаните кои патуваат кон овој зимски рекреативен центар да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на несоодветни места односно да не го попречуваат нормалниот тек на сообраќајот.

Continue Reading

Македонија

ТЕТОВО: Библиотеката „Кочо Рацин“ ги награди најдобрите читатели за 2024 година

Published

on

Библиотеката „Кочо Рацин“ успешно ја заокружи годината со реализацијата на проектот „Избор на најдобри читатели – рекордери“, кој со годините прерасна во прекрасна традиција. Денес, најдобрите читатели од сите генерации добија признанија за својата љубов кон книгите, прославувајќи го значењето на пишаниот збор.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и има за цел да ја зајакне врската меѓу библиотеката и читателите, инспирирајќи ги да ја продолжат својата читачка авантура.

Continue Reading

Скопје

Скопјанка тешко повредена на „Партизанска“

Published

on

Во петокот (27.12.2024 година) во 17:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“  во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Б.Н.  од Кавадарци, удрило во пешакот 56-годишната И.М. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.М., а констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк