петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Семејствата на жртвите од кочанската трагедија ја изразија солидарноста со Швајцарија

by Redakcija
02.01.2026
in Македонија
Семејствата на жртвите од кочанската трагедија ја изразија солидарноста со Швајцарија

Семејствата на жртвите од пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ изразија длабоко сочувство кон семејствата на загинатите и повредените во трагичниот пожар во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана.

„Со скршено срце ја примивме веста за Швајцарија. Нè врати во болката што никогаш не замина по нашата трагедија во Кочани“, велат родителите, додавајќи дека знаат што значи ненадејно да ти се урне светот, кога останува празно столче, а тишината зборува погласно од зборовите.

Тие истакнуваат дека во вакви моменти најважна е човечноста и подадената рака: „Сакаме семејствата на загинатите и повредените да знаат дека не се сами. Стоиме на располагање за секаква помош – со разбирање, тивка поддршка и со срце што ја познава истата рана.“

Родителите на жртвите од Кочани посочуваат дека мислите и молитвите им се со преживеаните и со семејствата на починатите, и ја испраќаат својата порака: „Нека почиваат во мир оние што заминаа, а на живите нека им биде дадена сила да продолжат.“

Пожарот во Кран-Монтана се случи за време на новогодишната забава во луксузен бар, предизвикувајќи голема трагедија и бројни повреди, што ја потсетува меѓународната јавност на слични несреќи како кочанската трагедија.

Related Posts

Шпанија со 250 илјади евра ќе помогне за новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

18.09.2026

ДЗР утврди неправилности во исплатите во СЈО: Платите и надоместоците не биле според закон

17.09.2026

Божиновска: Секој млад човек заслужува шанса да покаже што знае и што може

17.09.2026

Мицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерство

17.09.2026

Шест години незаконски внесувала категории во возачки – со судска одлука повторно се вратила на работа

17.09.2026

Меџити за пресудата од Хаг: Историјата на народот не може да се оцрни со неправедни одлуки

16.09.2026

Препорачани Вести

Патарините во Грција поскапуваат – еве колку ќе ве чини патот до море

9 месеци ago

(ВИДЕО) Зимска бура на векот ја парализира Америка: илјадници летови откажани, милиони без струја, прогласена вонредна состојба

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Од понеделник химната ќе се интонира пред почетокот на наставата во училиштата во Гази Баба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двајца приведени во Тетово поради сомнение за тешки кражби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шпанија со 250 илјади евра ќе помогне за новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај на една ера: BMW го исфрла мануелниот менувач и покрај огромната побарувачка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како би изгледале во 80-тите? Новиот AI тренд го преплави Инстаграм

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.