среда, септември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Киев и Лавов под масовен руски ракетен напад

by Redakcija
09.01.2026
in Свет
eksplozija

Украина ја преживеа една од најтешките ноќи во последните месеци. Масовен руски напад со ракети и беспилотни летала ја потресе земјата од исток до запад, при што најмалку четири лица го загубија животот, а 19 беа повредени. Најпогодени беа главниот град Киев и западниот град Лавов, додека украинските власти анализираат дали во нападот била употребена хиперсоничната балистичка ракета „Орешник“.

Во Киев, експлозиите одекнуваа со часови. Според официјалните информации, меѓу загинатите е и болничар кој бил убиен додека им помагал на повредени, во таканаречен „двоен удар“ – тактика при која следен напад се изведува врз спасувачките екипи.

Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека 14 од повредените се хоспитализирани, а четворица медицински работници се ранети во округот Дарницки. Нападите оштетиле станбени објекти во повеќе делови од градот – Печерск, Десњански, Шевченковски, Днипровски и Дарницки. Во некои населби избувнаа пожари, дронови паѓаа во дворови и на детски игралишта, а ударните бранови кинеа покриви и фасади.

Поради погодената критична инфраструктура, делови од Киев останаа без струја и вода, дополнително зголемувајќи ја драмата за цивилното население.

Првите детонации се слушнале околу 23:45 часот, кога противвоздушната одбрана започнала да дејствува. Неколку часа подоцна, по предупредувањата за балистички ракети и полетување на руски борбени авиони, следувал нов бран напади. Околу 3 часот по полноќ, крстосувачки ракети повторно го погодија главниот град, во напад кој очигледно бил внимателно координиран и долготраен.

Истата ноќ, Русија го ракетираше и Лавов – град кој ретко е директна цел на ваков тип оружје. Градоначалникот Андриј Садовиј соопшти дека била погодена критичната инфраструктура. Украинската војска потврди дека станува збор за балистичка ракета лансирана од полигонот Капустин Јар во руската Астраханска област.

Според воздухопловните сили, ракетата се движела со брзина од околу 13.000 километри на час, што веднаш ги отвори сомнежите дека можеби е употребен проектилот „Орешник“. Официјална потврда сè уште нема, а типот на ракетата ќе биде утврден по детална техничка анализа.

Капустин Јар е познат како локација од која се лансира балистичкиот проектил со среден дострел „Орешник“ – оружје што Русија досега јавно го употреби само еднаш, во нападот врз Днипро во ноември 2024 година. Станува збор за хиперсоничен систем способен да носи нуклеарни боеви глави, кој поради огромната брзина и нестандардната траекторија е исклучително тежок за пресретнување.

Дополнителна загриженост предизвикува неговото распоредување во Белорусија, што значително го скратува времето за предупредување за земјите на НАТО и го зголемува ризикот од поширока конфронтација.

Само неколку часа пред нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно предупреди дека Москва подготвува нов масовен удар. Тој апелираше граѓаните строго да ги следат воздушните тревоги и да се засолнуваат.

И покрај разговорите за можни мировни решенија, Русија продолжува со интензивно бомбардирање, особено насочено кон енергетската инфраструктура. Како последица на претходните напади, повеќе од еден милион жители во Дњепропетровската област веќе се без вода, струја и греење – среде зима.

Ноќта што помина уште еднаш потврди дека, и покрај дипломатските сигнали, војната влегува во нова, сè поопасна фаза. Ако се потврди употребата на „Орешник“, тоа би значело сериозен чекор кон ескалација со последици далеку надвор од границите на Украина.

Related Posts

Напад со импровизирани ракети во Германија, полицијата на нозе

02.09.2026

11 земји од ЕУ бараат да се укине ветото во надворешната политика, Германија ја предводи иницијативата

01.09.2026

Пензијата во Европа се поместува: Данска ќе бара работа до 70 години, а подоцна и до 74

01.09.2026

ВИДЕО – Индиски верски лидер се појави во необично возило: Верниците се редат за да му се поклонат и да му ги бакнат стапалата

01.09.2026

Преживеаните од бродоломот на Кипар: „Седиштата почнаа да лебдат, капетанот продолжи да плови, а потоа се слушна експлозија“

31.08.2026
Над 107.000 домаќинства во Германија банкротирале во 2025, поради наглиот раст на цените

Поминал 40 години работејќи во Германија и сега открива колкава пензија го чека: Балканците се прашуваат дали се исплати

31.08.2026

Препорачани Вести

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,25 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

4 недели ago

Божиновска за Newsmax Balkans: Рекордни инвестиции од речиси 6 милијарди евра за стабилен и зелен енергетски систем

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Во Хрватска родени 924 деца повеќе: Владата воведе родителско отсуство со целосна плата до 3.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза речиси без промена: МБИ10 намален за 0,10 поени, најтргувани акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МФ: Владата ги усвои измените на Законот за јавни набавки – исполнет чекор од Реформската агенда за поголема транспарентност, квалитет и ефикасност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензионерите и сите граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драма во Клиничката болница во Тетово: Скршил шалтер, повредил двајца вработени, па нападнал и полицаец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.