недела, септември 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

УХМР: Неколку региони во опасност од поплави

by Redakcija
10.01.2026
in Република

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека денес најголема опасност од излевања на реки и појави на заезерување на водата има во југозападните и западните региони на земјата.

Од утринава се забележува зголемување на водостоите на реките Коселска, Сатеска, Ресенска и на помалите суводолници во регионот, каде се можни локални излевања. Во Охридско-Преспанскиот и Струшкиот регион се очекува реакција на помалите реки и суводолници, а во Струшкото Поле може да се појави заезерување на водата поради интеракција на подземните и површинските води.

Висок е водостојот и на реката Вардар во горниот дел од сливот, со можни локални излевања во Гостиварскиот регион и појави на заезерување во Полошката Котлина. Реката Црна во долниот дел од течението исто така е со висок водостој и се очекуваат локални излевања и заезерувања во Пелагониската Котлина и во делови од Битолско-Прилепскиот регион. Во горниот дел на сливот, иако нема значително зголемување на водостојот, можни се заезерувања во Демир Хисарскиот регион.

Реката Треска, исто така, е со висок водостој и се предвидуваат локални излевања и заезерувања во целиот слив, вклучително и во Кичевскиот регион.

УХМР посочува дека врнежите денес ќе бидат од дожд и снег на повисоките места, а на пониските од дожд. Во попладневните часови, по 18:00 часот, се очекува северен ветер и заладување на времето, при што врнежите ќе преминат во снег.

Властите апелираат на внимателно движење покрај реките и суводолниците, особено во југозападните, западните и северозападните делови на земјата.

Related Posts

„Безбеден град“ стартуваше во Повардарието: 151 прекршок за 36 часа, најмногу за брзо возење

„Безбеден град“ стартуваше во Повардарието: 151 прекршок за 36 часа, најмногу за брзо возење

13.09.2026

Добри вести од ЈКП „Шар“ – Тетово

13.09.2026
Николоски: Напролет почнува изградбата на железничката врска со скопскиот аеродром, патувањето ќе трае до 11 минути

Николоски: Напролет почнува изградбата на железничката врска со скопскиот аеродром, патувањето ќе трае до 11 минути

13.09.2026

Ковачки: Стојанчо Радичевски е кандидат кој обединува, заедно да славиме на 18 октомври

12.09.2026

Проданоски: Денес започнува новата ера на прилепскиот фудбал со ГФК Победа

12.09.2026

ЈКП „Шар“ со инфомација за водоснабдувањето во Тетово

12.09.2026

Препорачани Вести

Брачен пар нападна вработена во детска градинка во Тетово – Полицијата интервенирала

6 месеци ago

Жена во Скопје при чистење алат пронашла бомба

3 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Не сте во брак на 25 години? Во Данска пријателите може да ве врзат и да ве посипат со цимет

    (ВИДЕО) Не сте во брак на 25 години? Во Данска пријателите може да ве врзат и да ве посипат со цимет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Го намалуваме ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто за да го заштитиме стандардот на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп побара Зеленски да ги запре нападите врз руската нафтена инфраструктура: „Недостигот на дизел му штети на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Честитки до Албин Курти за новиот мандат, заедничките проекти ќе ги зближуваат Македонија и Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Рускиот дрон погоди воз кај полската граница неколку минути откако поминала европска делегација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.