четврток, септември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп: Иран изрази желба за преговори

by Redakcija
12.01.2026
in Свет
trump

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран предложил преговори по неговата закана за можен напад, поради репресијата врз демонстрантите и смртта на стотици лица. Трамп појасни дека неговата администрација работи на закажување средба со Техеран, но потенцираше дека можеби ќе мора да дејствува пред состанокот поради зголемениот број на жртви и продолжените апсења на демонстранти.

„Состанокот се договара, но можеби ќе мораме да дејствуваме пред него поради она што се случува. Иран повика и сака да преговара,“ рече Трамп пред новинарите.

Иран засега не издал официјално соопштение поврзано со изјавата на Трамп, но претходно предупреди дека американската армија и Израел ќе бидат „легитимни цели“ доколку САД употребат сила за заштита на демонстрантите.

Според американската активистичка организација Human Rights Activists News Agency, најмалку 544 лица загинале во двонеделните протести – 496 демонстранти и 48 припадници на безбедносните сили, додека околу 10.600 лица биле притворени. Поради прекинот на интернет и телефонските линии, следењето на протестите од странство е отежнато.

Трамп веќе ја изрази својата поддршка за демонстрантите. New York Times и Wall Street Journal известија дека американски официјални лица му претставиле воени опции за можен напад врз Иран, но претседателот сè уште не донел конечна одлука.

Протести против иранската влада се одржаа и во Вествуд, Лос Анџелес, каде што живее најголемата иранска заедница надвор од Иран. Полицијата интервенираше откако камион удрил во демонстранти; едно лице е повредено, возачот е уапсен.

Австралија денеска ги повика своите државјани веднаш да го напуштат Иран поради можност за затворање на воздушниот простор. Министерството за надворешни работи предупреди дека безбедносната ситуација е „исклучително нестабилна“, работата на австралиската амбасада е прекината, а обезбедувањето конзуларна помош е екстремно ограничено. Патниците се советуваат да избегнуваат јавни собири и да бидат подготвени за подолг престој во засолниште со доволно вода, храна и лекови.

Related Posts

Дизелот во САД со рекордни цени: Трамп бара Зеленски да ги запре нападите врз руската енергетика

16.09.2026

Нова надеж за примирје: Русија и Украина се согласија да ги запрат нападите врз енергетиката

16.09.2026

По првиот напад следел нов обид: Русите повторно го демнеле авионот на Зеленски

16.09.2026

Катар предупредува на нов глобален шок: Што ќе се случи ако Хутите го блокираат Баб ел-Мандеб?

15.09.2026

Руски генерал загинал во украински напад врз штаб во Доњецк?

15.09.2026

Канада тропна на вратата на ЕУ: Се бара статус каков што досега немало

15.09.2026

Препорачани Вести

Голема полициска акција во Тетово – Претреси и апсење

5 месеци ago
Петок 13-ти: Потекло, митови и современо суеверие

Петок 13-ти: Потекло, митови и современо суеверие

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Жена го нападнала сопругот и му се заканувала со остар предмет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Формула 1 со големи промени во 2027: Се враќаат Португалија и Турција, рекордни 10 спринта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тензично на демонстрациите во Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Праведната енергетска транзиција мора да донесе конкретни инвестиции и сигурна енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Xiaomi ја претставува серијата REDMI Note 17 во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.