понеделник, мај 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Познато по кого трага полицијата во Батинци: Се бара Муса Џавит   осомничен за убиениот војник на АРМ

by Уредник
18.01.2026
in Црна Хроника

Големата полициска акција што вечерва се одвиваше во скопското село Батинци доби појаснување – полицијата трага по лице осомничено за убиство, кое е барано по потерница.


Како што неофицијално дознава Булевар, во фокусот на акцијата е Муса Џавит, кој пред околу шест месеци, според истражните информации, усмрти војник на Армијата на Република Македонија во скопското село, по што избега и се крие од органите на прогонот.


Во текот на денот, во Батинци беа распоредени специјални полициски единици, повеќе патролни возила и истражни тимови, а видеоснимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат масовно присуство на полицијата и блокади на повеќе улици.


Од Министерството за внатрешни работи засега официјално не потврдуваат детали, но акцијата се води како дел од потрагата по осомничениот, кој се смета за опасен и се бара со меѓународна потерница.
Полицијата апелира до граѓаните доколку имаат информации за движењето или престојот на лицето, веднаш да ги пријават кај надлежните служби, без да се обидуваат сами да стапат во контакт со него.


Акцијата во Батинци ја вознемири јавноста поради обемот и силното полициско присуство, а надлежните најавуваат дека истрагата продолжува и дека во наредните часови се очекуваат дополнителни информации за исходот од потрагата.

Related Posts

НАЈНОВА ВЕСТ: Голем пожар во Радовиш – во пламен поранешна фабрика (ВИДЕО)

24.05.2026

Полицијата запре автобус во тетовско – откриени илјадници евра

24.05.2026

(ВИДЕО) Автобус и „Сеат Ибица“ се судрија на бул. „Јане Сандански“ – еве кои се првични сомнежи за причината

24.05.2026

Апсење во Велес! Полицијата пронајде марихуана, пари и дигитална вага

24.05.2026

Инцидент во Илинден: Татко упаднал во училишен двор, пцуел и претепал соученик на својот син

24.05.2026

Успешна спасувачка акција на Кораб: Повреден планинар безбедно евакуиран во стабилна состојба

24.05.2026

Препорачани Вести

ЈКП Водовод Битола: Завршена реконструкција на улица 210 во населба Стрчин

1 недела ago

Мадуро ќе ја дели затворската ќелија со уште 18 осуденици

2 недели ago

Популарни Вести

  • НАЈНОВА ВЕСТ: Голем пожар во Радовиш – во пламен поранешна фабрика (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драматичен судир меѓу авион и параглајдер снимен од камера (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРКВА ВО ПЛАМЕНИ ПО РУСКИТЕ НАПАДИ: Драматични сцени од Украина по масовниот воздушен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Полицијата со солзавец упадна во седиштето на опозицијата, избувнаа судири по улиците на Анкара

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата запре автобус во тетовско – откриени илјадници евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.