недела, мај 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ОЈО-ГОКК: Засега нема притвор за судијата Ристов, постапката е во тек

by Redakcija
19.01.2026
in Црна Хроника

За судијата Ѓоко Ристов засега нема да се бара определување притвор, ниту има информации дека тој е задржан од надлежните органи. Ристов и понатаму ужива судиски имунитет, кој може да биде одземен од Судскиот совет по барање на судија на претходна постапка.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека истрагата е во тек и дека конечна одлука за евентуални мерки ќе биде донесена во наредните денови.

„Се продолжува со постапувањето и јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, деновиве ќе процени во однос на мерки за обезбедување на присуство на осомничениот, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, соопштуваат од ОЈО-ГОКК.

Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот. За време на претрес во домот на неговите родители во Неготино, извршен по судска наредба, биле пронајдени 350.000 евра скриени во соѕидан простор во ѕид.

Обвинителството наведува дека парите се сомнителни како незаконски стекнати и дека случајот е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност. Истражните дејствија продолжуваат, а во зависност од нивниот исход ќе се одлучува дали ќе се побара притвор и одземање на судискиот имунитет.

Related Posts

Пијана девојка дивеела низ Загреб и бегала од полиција: Возела со 1,61 промили и преполн автомобил – доби жестока казна

10.05.2026

Инцидент пред Град Скопје: Пијани лица уринирале врз службено возило, па претепале комунален редар – завршил со скршен нос!

10.05.2026

Драма во Хрватска: Убиен шефот на крим полицијата во кафеана, напаѓачот потоа си пукал во глава пред сведоци!

10.05.2026

Два случаи на напад врз малолетници пријавени во Тетово

09.05.2026

Измама со лажна работна виза: 51-годишник од Тетово остана без 2.790 евра

09.05.2026

Полицијата одзеде автобус што превезувал ученици, родител пријавил дефекти по пат

09.05.2026

Препорачани Вести

Предупредувачки куршуми – Удар со автомобил и физички напад на полицаец

4 месеци ago

ВИДЕО – Коњановски: Новата улицата „СРУ 5“ добива целосна сообраќајна и велосипедска инфраструктура

2 недели ago

Популарни Вести

  • (ФОТО) Папата Лав XIV ги шокираше верниците: Наместо класични обувки се појави во Nike патики!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијана девојка дивеела низ Загреб и бегала од полиција: Возела со 1,61 промили и преполн автомобил – доби жестока казна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН се обедини во единствен политички субјект: Нова визија за Албанците и европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Урнебесна збунка: Полицијата во Летонија запре жена мислејќи дека носи руско знаме – а всушност била чанта од познат светски бренд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски: Македонија мора да создава технологии, а не само да ги користи – отворен првиот Deep Tech Park

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.