На 21 јануари 2026 година, во 00:15 часот, во СВР Тетово било пријавено дека вработен во угостителски објект во Тетово бил физички нападнат. Според пријавата, М.М. (29) навел дека на своето работно место бил нападнат од гостинот Ш.Д.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.









