понеделник, мај 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Ристовски во интервју за Канал 5: Министерството за спорт создава стабилна основа за развој на македонскиот спорт

by Redakcija
23.01.2026
in Спорт

Приоритет на Министерството за спорт со поддршка од Владата е прво да направиме спортска инфраструктура и да го подигнеме македонскиот спорт од оној слободен пад во којшто беше затекнат, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. 

-Министерството за спорт по периодот на трансформација од поранешната Агенција за млади и спорт, прерасна во институција која произведува позитива, институција која го исплати заостанатиот долг, односно субвенциите за спортот што беа ветени, но не и реализирани од претходната Влада. Успеавме да најдеме заеднички јазик со операторите за оние проекти кои беа започнати пред неколку години и оставени на пола. Повеќето од тие проекти се веќе реализирани или се во завршна фаза. Направивме комплетна реконструкција на спортските сали во Радовиш, во Ново Село, при крај е реконструкцијата на салата „Расадник“ во Скопје, а во интерес на студентите ќе биде комплетно реконструирана салата на УКИМ која со години беше оставена како руина. Отпочнуваме изградба на три нови сали во Скопје и во Крушево. Изградивме над 40  мултифункционални игралишта низ целата држава. Приоритет на Министерството за спорт со поддршка од Владата е прво да направиме спортска инфраструктура како основа и работиме во таа насока – истакна Ристовски.

Министерот Ристовски изрази задоволство од тоа што е сработено од страна на новото Министерство за спорт во изминатиот период од неговото формирање во јули 2024 година и најави неколку стратешки проекти што ќе бидат реализирани во текот на оваа година.

-Задоволен сум од мојата работа, иако секогаш оставам простор дека може да биде и подобро. Во оваа работа влегов со една цел – да направам промени во спортот и да оставам трајни вредности во спортот, а тоа може да се оствари само доколку направите резултати во својата работа – рече Ристовски.

Покрај реализацијата на инфраструктурните проекти, една од стратешките цели на Министерството за спорт за наредниот период е изготвувањето на новиот Закон за спорт.

-Завршени се компаративните анализи и предлог законот треба да биде готов до крајот на годината. Новиот Закон за спорт кој е во подготовка треба да биде столб и основа за тоа како треба да изгледа спортот во Македонија – посочи министерот за спорт.

Во однос на средствата што се доделуваат како државна помош во спортот, Ристовски истакна дека резултатите се единствените критериуми по кои се распределуваат средствата од државните субвенции и соопшти дека годинава ќе бидат распределени 12 милиони евра по две основи – субвенции во спортот и средства од игри на среќа и акцизи.

– Во текот на февруари ќе бидат исплатенисубвенциите за спорт, односно средствата коишто ги има одвоено државата преку Министерството за спорт за субвенционирање на федерации, на клубови и на поединци. Во месец мај ќе почнеме да ги исплаќаме средствата од игрите на среќа. Резултатите се основните критериуми по кои се делат субвенциите, така и никако поинаку. Има незадоволни затоа што претходно средствата од државата ги делела Комисија според тоа кој е подобоен, а кој неподобен и токму поради тоа сега има обвиненија. Мора да ставиме јасно до знаење, дека Македонија и  Министерството за спорт не може да ги поддржува сите спортови. Можеме да ги помагама сите спортови, но сите не можеме да ги финансираме. Треба да се направи јасна дистинкција кои спортови се најуспешни во Македонија и тие спортови да бидат од А категорија. Олимписките спортови секогаш ќе бидат пред неолимписките – нагласи Ристовски.

Министерот за спорт во интервјуто за Канал 5 се осврна и на неодамнешниот настап на машката ракометна репрезентација на Македонија која заврши на 14.место на Европското првенство што се одржува во Данска, Норвешка и Шведска и изрази задоволство од постигнатите резултати.

– Кога ќе се земе предвид со кого игравме на ова Европско првенство, дека имавме противници како што се Данска, Португалија и Романија, треба да сме задоволни со освојување на 14. место. Јас би сакал и во многу други области да сме 14-ти во Европа. Секако дека сум задоволен, меѓутоа секогаш има простор да биде и подобро. Убаво е да се има големи очекувања, но тие очекувања треба да бидат базирани на реална основа – рече Ристовски.

Со своето долгогодишно искуство како поранешен репрезентативец на Македонија, а сега министер за спорт, Ристовски истакна дека главната сила на оваа репрезентација не е индивидуалниот, туку колективниот квалитет и упати пофалба и за работата на селекторот Кирил Лазаров.

-Тој беше човекот што се нафати да ја прави таа смена на генерации во репрезентацијата, што е многу тешко.Мислам дека на човекот треба да му се оддаде признание за тоа што го има направено за државата, за промоција на спортот, за достигнувањата, но исто така и за храброста што се нафати да го направи тој трансфер на генерации во македонската репрезентација – истакна министерот Борко Ристовски.

Related Posts

Спектакл во Атина: Два европски гиганти во војна за титулата во Евролигата

24.05.2026

Роналдо во солзи ја прослави првата шампионска титула со Ал Наср

22.05.2026

ФФМ подготвува жестоки казни за Шкендија по скандалите во финалето

21.05.2026
Вардар повикува на фер навивање пред дуелот против Шкендија

Вардар повикува на фер навивање пред дуелот против Шкендија

21.05.2026
Ристовски до Неделковски: Недостигот на чувсвтво за извинување во позрели години е личен проблем

Ристовски до Неделковски: Недостигот на чувсвтво за извинување во позрели години е личен проблем

20.05.2026

Вардар доби казна од 3.500 евра за спорната прослава на фудбалерите

20.05.2026

Препорачани Вести

Македонското друштво “Илинден“-Тирана нема да замолчиме пред бугарските манипулации

4 месеци ago

САД подготвуваат „финален удар“ врз Иран? Разгледуваат бомбардирања и копнена операција по неуспешните преговори

2 месеци ago

Популарни Вести

  • НАЈНОВА ВЕСТ: Голем пожар во Радовиш – во пламен поранешна фабрика (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драматичен судир меѓу авион и параглајдер снимен од камера (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРКВА ВО ПЛАМЕНИ ПО РУСКИТЕ НАПАДИ: Драматични сцени од Украина по масовниот воздушен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Полицијата со солзавец упадна во седиштето на опозицијата, избувнаа судири по улиците на Анкара

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата запре автобус во тетовско – откриени илјадници евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.