недела, август 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

УЈП ќе ги прифаќа сите докази за платен данок во странство

by Redakcija
02.02.2026
in Економија

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, појасни дека оданочувањето на граѓаните кои оствариле доходи работејќи во странство е обврска предвидена со Законот за данок на личен доход и не станува збор за воведување нови, ретроактивни давачки. По средбата во Сојузот на стопански комори, таа истакна дека оваа законска одредба е на сила уште од 2020 година.

Главниот предизвик со кој се соочуваат граѓаните во моментов е обезбедувањето на веродостојни докази за веќе платен данок во државите каде што работеле. Петрова најави дека УЈП ќе покаже флексибилност за да им излезе во пресрет на обврзниците.

„Управата ќе прифаќа сите видови докази за платен данок во странство и веќе покренуваме административна соработка со странските даночни администрации за службена проверка на податоците“, изјави Петрова.

Од вкупно 1.100 евидентирани граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак, околу 200 веќе ја доставиле потребната документација. За останатите, УЈП побарала официјални листи и податоци за компаниите работодавачи за да се изврши проверка по службена должност. Слични дополнителни проверки ќе се спроведат и за лицата кои биле дел од мировни мисии, а за кои данокот бил регулиран преку Министерството за одбрана.

Директорката Петрова најави дека издадените аконтациски решенија за 2020 година ќе бидат заменети со конечни решенија по завршување на проверките. Дотогаш, процесот на присилна наплата или корекции ќе мирува за сите граѓани додека не се обезбедат потребните информации од странство.

Related Posts

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

16.08.2026
Европа очајно бара работници: Милиони слободни места, најмногу недостигаат техничари, возачи и оператори

Европа очајно бара работници: Милиони слободни места, најмногу недостигаат техничари, возачи и оператори

16.08.2026

БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 сè уште е во изградба и не е предаден на инвеститорот

15.08.2026

Димитриеска-Кочоска: 239 милиони евра веќе се пласирани во македонската економија

15.08.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 219,21 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

15.08.2026

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 зголемен за 0,07 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

14.08.2026

Препорачани Вести

Осомничени за измама и злоупотреба тешка 297.000 денари

6 месеци ago

Судењето за пожарот во „Пулс“ забавува: Само еден сведок се појави на денештното рочиште

4 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Хаос на концерт на „Амадеус бенд“: Масовна тепачка, напад на полицаец и две апсења

    (ВИДЕО) Хаос на концерт на „Амадеус бенд“: Масовна тепачка, напад на полицаец и две апсења

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Туристи по костими за капење се качувале по црквата „Св. Никола“ во Маврово – јавноста бара итна реакција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТАБОРОТ НА ГРУБИ УДРИ ПО „ПОЛИТБИРОТО“ НА ДУИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Македонска фудбалска гордост во Австралија: Престон Лајонс освои куп и влезе меѓу најдобрите осум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дарио Ивановски меѓу европската елита: 46-то место на маратонот во Бирмингем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.