недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Google издава 100-годишна обврзница: Инвеститорите веруваат во иднината на Alphabet

by Redakcija
11.02.2026
in Економија
Google издава 100-годишна обврзница: Инвеститорите веруваат во иднината на Alphabet

Во потег што изненади многу финансиски експерти, матичната компанија на Google, Alphabet, оваа недела издаде обврзница која ќе достигне зрелост дури во 2126 година – речиси еден век од сега. Станува збор за дел од серија задолжувања вредни милијарди долари, чија цел е да се финансираат амбициозните планови на компанијата за вештачка интелигенција.

Обично, компаниите кои сакаат да соберат капитал имаат две опции: продажба на акции или обврзници. Google избра второто, но изборот на 100-годишен долг го направи моментот навистина сензационален. Во свет каде што дури и компании со четиритрилионска пазарна вредност и над 73 милијарди долари годишен слободен паричен тек како Google се свртуваат кон долгови, зборуваме за финансиска стратегија со необичен историски екстрем.

Причината е тоа што Google планира да ги удвои трошоците за вештачка интелигенција оваа година, односно да потроши неверојатни 185 милијарди долари, што дури и за нивните 126 милијарди долари готовина не изгледа доволно.

Но, обврзниците од векот се ретки токму поради една причина: компаниите едноставно не траат толку долго. Историјата покажува дека такви долгови често се ризични. IBM, на пример, ја издаде својата 100-годишна обврзница во 1996 година, но вобрзо изгуби дел од својата доминација поради појавата на Microsoft и Apple. Слично, Џеј Си Пени продаде обврзници од векот во 1997 година, кои 23 години подоцна вредеа само дел од почетната сума. Дури и Моторола, последната американска компанија која издаде ваков долг, и покрај тоа што го сервисираше долгот, ја загуби доминацијата на пазарот, потсетува инвеститорот Мајкл Бери.

Овие примери ја илустрираат класичната вистина: долг со вековна зрелост е повеќе симбол на самодоверба и визија за иднината отколку сигурна инвестиција за просечен граѓанин. Таквите обврзници најмногу имаат смисла за институционални инвеститори со долгорочни обврски – пензиски фондови, универзитетски фондации и компании за животно осигурување.

Сепак, пазарот го поздрави потегот на Alphabet со ентузијазам. Само за помалку од 24 часа, компанијата собра речиси 32 милијарди долари, со продажба на долг деноминиран во американски долари, британски фунти и швајцарски франци. Побарувачката беше скоро десет пати поголема од понудата, што покажува дека довербата во иднината на Google е силна – или барем, дека пазарот е подготвен да се клади на неа.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

Банките ќе поделат 550 милиони долари: Ројтерс открива што се случувало зад берзанското излегување на „Антропик“

22.11.2026
Продажбата на групацијата Тиквеш порасна за 5,4%, нето-добивката падна за 9,4%

Продажбата на групацијата Тиквеш порасна за 5,4%, нето-добивката падна за 9,4%

22.11.2026
Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

22.11.2026

КОЧО АНЃУШЕВ ВО БИТОЛА: СО БАТЕРИИ, ФАБРИКИТЕ МОЖАТ ДА ЈА КОРИСТАТ СОПСТВЕНАТА ЕВТИНА СТРУЈА И КОГА НЕМА СОНЦЕ

22.11.2026
Продажбата на Мермерен комбинат падна за 42,8%, нето-добивката за 57,2%

Продажбата на Мермерен комбинат падна за 42,8%, нето-добивката за 57,2%

22.11.2026

Нови ограничувања за задолжување – Што се менува за станбените кредити?

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ристоска за „24 Анализа“: Чиста ми е совеста за бонусите на СЈО

10 месеци ago

Клима-уредот работел 10 дена додека била на море: Кога ја видела сметката за струја, не можела да поверува

3 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави поевтини станови за млади брачни парови и повисок студентски оброк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Сателитска снимка од нападот кај Бенгази: По рускиот воен брод, поморски дрон погодил и товарен брод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.