понеделник, мај 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски оствари средба со министерката Божиновска

by Redakcija
21.02.2026
in Република

Прилеп мора да биде пример како искористувањето на минералните суровини може да значи реален локален развој, со јасни правила, одговорност и вистинско партнерство. Ова беше клучната порака од работната средба што градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, ја оствари со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со претставници од министерството и државни советници за рударство.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во енергетскиот и рударскиот сектор, како и за потребата од засилена координација меѓу централната и локалната власт. Посебен акцент беше ставен на улогата на концесионерите во прилепскиот регион и нивната обврска, покрај економската активност, да придонесуваат и за поширок општествен развој.

„Зголемените концесиски активности треба видливо да се одразуваат врз општината – преку нови работни места, економска динамика и приходи што се враќаат назад во заедницата. Економски напредок има само кога правилата важат еднакво за сите“, истакна Проданоски.

Во рамки на посетата беше одржана и средба со најистакнатите концесионери од регионот, на која се отворија прашања поврзани со законската регулатива, исполнувањето на преземените обврски и можностите за нови инвестиции. Заедничката оценка беше дека одржлив развој може да се постигне само преку транспарентност, јасно дефинирани правила и партнерски однос меѓу институциите и стопанството.

Како дел од договорените чекори, беше најавено отворање канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп, со цел поголемо присуство на терен, подобар надзор и зголемена транспарентност во секторот. „Контролата не е пречка за развојот, туку гаранција дека развојот е одржлив и фер“, нагласи градоначалникот.

Со оваа средба, локалната и централната власт испратија порака за координиран пристап кон јакнење на институционалната соработка, но и за јасна определба придобивките од неа директно да ги чувствуваат граѓаните на Прилеп.

…

Related Posts

Избегната голема трагедија на автопатот Скопје – Велес

25.05.2026

ВИДЕО – Проданоски: „Сите на велосипед“ уште еднаш го обедини Прилеп

25.05.2026

КОНЕЧНО СТИГНА ЛЕТО: Македонија влегува во топол бран – температурите над 30 степени се враќаат

25.05.2026

(ФОТО) Пожарникарите од Радовиш ризикуваа животи во драматичната битка со огнот во поранешен „Декортекс“

25.05.2026

Коњановски: Делото на Кирил и Методиј е патоказ за идните генерации

24.05.2026

Апсење во Велес! Полицијата пронајде марихуана, пари и дигитална вага

24.05.2026

Препорачани Вести

Јужна Кореја ја претстави борбениот авион KF-21: „Конечно обезбедивме оружје за зачувување на мирот со сопствена технологија“

Јужна Кореја ја претстави борбениот авион KF-21: „Конечно обезбедивме оружје за зачувување на мирот со сопствена технологија“

2 месеци ago

Илон Маск најавува технологија која ќе им врати вид на целосно слепите

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Коалицијата на Египќани се огради од ставовите на Рубин Земон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СЕ ВРАЌА ЛЕГЕНДАРНОТО ЈУГО: Цената звучи нереално, а за потрошувачката никој не верува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НОВИ ПРАВИЛА ВО ГРЦИЈА: Оваа грешка зад волан може да ве чини 2.000 евра – овие работи во автомобилот сега се забранети!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избегната голема трагедија на автопатот Скопје – Велес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.