понеделник, јуни 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ЕКСКЛУЗИВНО: Фотографија од осомничениот убиец од кумановско Драгоманце – ДНК го врзува со последната жртва

by Уредник
25.02.2026
in Црна Хроника

Булевар дојде до ексклузивна фотографија од осомничениот Трајче од Драгоманце осомничен за серијата брутални убиства во кумановско, кој моментално се наоѓа во притвор. Станува збор за 25-годишно лице од регионот на Старо Нагоричане поточно село Драгоманце, за кое истражните органи потврдија дека неговата ДНК се совпаѓа со трагите пронајдени кај последната жртва.


Фотографијата, која ја објавуваме со заматено лице поради почитување на законските процедури и презумпцијата на невиност, покажува младо лице кое, според досегашните информации, живеело повлечено во дисфункционално семејство и без значајни контакти со околината.


Форензичките анализи го поврзаа осомничениот директно со убиството на повозрасна жена во селото Челопек. Истражителите пронашле биолошки траги на местото на злосторството кои одговараат на неговиот генетски профил. Ова е прв цврст материјален доказ што го става во центарот на истрагата.


Обвинителството веќе нареди ексхумација на уште една почината жена од кумановско, со цел да се утврди дали постои поврзаност. Неофицијално, се анализираат неколку смртни случаи со сличен профил – повозрасни жени кои живееле сами во рурални средини.


На осомничениот ќе му биде извршено психијатриско вештачење од тим форензички експерти, што треба да утврди дали бил пресметлив во моментот на извршување на делото.


Иако осомничениот е зад решетки, жителите на селата во општина Старо Нагоричане велат дека стравот сè уште е присутен. Дел од семејствата ги повлекле повозрасните членови од руралните домови, додека други вовеле дополнителни мерки за безбедност.

Доколку се докаже дека осомничениот стои зад повеќе убиства, случајот може да прерасне во еден од најтешките во поновата криминалистичка историја на Македонија.

Related Posts

Приведени две лица во Тетово по инцидент со полицијата

01.06.2026
ВИДЕО: Кражба на гробот на загинатиот тапанар од групата ДНК

ВИДЕО: Кражба на гробот на загинатиот тапанар од групата ДНК

01.06.2026

Кривична пријава против полицаец за примање поткуп

01.06.2026

Приведен маж од Гостивар по напад врз сопругата и оштетување на нејзиниот автомобил

01.06.2026

Хорор во Куманово – Полицијата реагирала

01.06.2026

Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово, екипите работат на локализирање

01.06.2026

Препорачани Вести

Франција се обидела да ги евакуира своите граѓани од ОАЕ, но авионoт морал да се врати поради напад

Франција се обидела да ги евакуира своите граѓани од ОАЕ, но авионoт морал да се врати поради напад

3 месеци ago

Кина му се закани на САД

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Австралија и Јапонија одбиваат да испратат бродови во Ормускиот теснец

    АЛАРМ ВО СВЕТОТ: Дали ова е почеток на недостиг на храна каков што не сме виделе?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседарелот на Иран поднесе оставка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приведени две лица во Тетово по инцидент со полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029 – Јавниот долг останува стабилен и одржлив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Коњановски: Општина Битола денес работи на 10 локации низ градот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.