четврток, август 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Еве за што сè ќе одговара насилникот Стојанче

by Redakcija
03.03.2026
in Црна Хроника

инистерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес конференција за вчерешната трагедија во скопски Карпош каде жена и малолетно дете го загубија животот по пад од балкон, истакна дека во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците, полицијата постапувала, но во сите наврати оштетената се повлекувала од поднесените пријави.

-Во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците. Полицијата постапувала и преземала мерки, но, во сите наврати оштетената се повлекувала од поднесените пријави, информираше Тошковски.

Министерот информираше дека пријавата за трагедијата во Карпош, каде жена и малолетно дете го загубија животот по пад од балкон, била примена од случаен минувач.

Тошковски посочи дека настанот имал претходница истиот ден. На 2 март во 12:05 часот била примена пријава за расправија меѓу сопружниците, а полициски службеници пристигнале на адресата во 12:19 часот. Бил извршен разговор со сопругата, која изјавила дека немало физички контакт со сопругот, дека станувало збор за мало недоразбирање и дека не бара поведување постапка ниту интервенција. Таа навела дека брачните односи ги решава преку бракоразводна постапка и потпишала службена белешка.

-Се откажувам од пријавата, помеѓу нас немаше физички контакт, се работеше за мало недоразбирале, го решивме по мирен пат и не бара, полициска интервенција. Не сакам да го пријавам како семејно насилство, работите ќе го средам по мирен пат и ќе се разведам, стои во белешката која Ивана ја потишала како изјава дадена пред полицијата.

Тошковски посочи дека полицијата ќе утврдува дали ваквата изјава била дадена под присила или не, дали сопругот бил присутен во моментот и можеби влијаел на оваа изјава.

Тој додаде дека мајката и детето во временски интервал пред да паднат од балкон, се заклучени од внатрешна страна во станот и друго лице присутно во станот во моментот на падот од балкон, согласно информациите кои се доставени до него, немало.

Министерот истакна и дека полицијата има видео запис сопругот, кој се наоѓа на распит во полициска станица, ја удира жртвата.

Се сомничи за сторени повеќе кривични дела, по членовите 1282 Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“, член 130 став 2 за телесна повреда и член 144 став 3, загрозување на сигурноста.

Стојанче Јовановски имал 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и дрога

Сопругот и татко на сега починатите мајка и ќерка кои вчера паднаа од зграда во Тафталиџе имал богатo криминално досие.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна дека Стојанче Јовановски по вчерашниот настан е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело, по што ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

-Во СВР Скопје за лицетоима 10 кривични пријава за дела од областа на насилен криминал, имотни деликти и дрога. По апсење за дрога, биле пронајдени 20 паковки дрога, а МВР отпочнало брза постака и доставиле кривична пријава до Јавното обвинителство и од страна на ЈО биле побарани мерки на претпазливост и истите биле изречени од судот. Во 2025 и 2026 година имало повеќе пријави за нарушени односи и човечки напади меѓу сопружниците и полицијата постапувала. Во сите наврати пријавите биле повлекувани и сега починатата Ивана се откажувала од водење на понатамошни постапки, вели Тошковски.

На вчерашната трагедија и претходела нова расправа меѓу сопружниците при што полицијата интервенирала, но Ивана изјавила дека немало физички контакт, се работело за недоразбирање кое ќе го решеле по мирен пат и не бара полициска интервенција. Тошковски вели дека сега почината Ивана, ставила свој потпис на сочинетата белешка пред заминувањето на полицијата.

Извор: newz24live

…

Related Posts

Кривични пријави за проневера и злоупотреба: Тутунски комбинат Прилеп оштетен за над 3,3 милиони денари

20.08.2026

Кривична пријава против тројца скопјани за „насилство“ и „изнуда“

19.08.2026

Банкарски службеник од Гевгелија осомничен за проневера на 4,9 милиони денари и 63.350 евра

19.08.2026

Со закани присилиле татко и син да им предадат 43,8 килограми злато, двајца Турци осомничени за изнуда

19.08.2026

Возило излета од коловозот на булевар во Тетово, тешко повреден работник

18.08.2026

Нов смртен случај од западнонилска треска

18.08.2026

Препорачани Вести

Од гостин до обвинет: Измамникот кој се обиде да го преземе култниот хотел во Њујорк, се изјасни за виновен

Од гостин до обвинет: Измамникот кој се обиде да го преземе култниот хотел во Њујорк, се изјасни за виновен

5 месеци ago

Раководството на Алијансата за Албанците поднесе колективни оставки

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Во Косово повлечени млечни производи по наоди за палмино масло, дел од брендовите се извезувале и во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар или Артан од куќен притвор?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Биткоинот нагло порасна: Цената надмина 69.000 долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривични пријави за проневера и злоупотреба: Тутунски комбинат Прилеп оштетен за над 3,3 милиони денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денес сончево и многу топло, температурите до 39 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.