Ти си го одбрал животниот пат кој во наше време е необично тежок, и – ако издржиш до крај – за сите свои неволји ќе добиеш (малку се зборовите) милион пати поголем надоместок, па дури (да не речам – ќе заборавиш) да жалиш што тие биле – премногу мали… Можеби ќе ти изгледа чудно, но така е. Јас сум длабоко уверен, дека големите христијански маченици уште од секогаш жалеле затоа што премалку страдале и што не можеле да возвратат на љубовта со која биле должни да Го засакаат Бога. А љубовта се докажува на дело за да му се угоди на саканиот, колку и да се бараат жртви од нас. Колку е посилна љубовта, толку е поголем стремежот таа да се докаже… а небесната љубов може да се докаже само со жртва. И како што вистинската љубов нема граници, така нема граници и жедта за саможртвување како доказ за љубовта. Кој Го љуби Бога, тој сака и да страда за Бога, и – во рамките на неговата љубов – расте и неговата желба да претрпи сè, само Господ да не се оддалечи од него и за да му стане поблизок. А човек не може, а да не Го љуби Господа, кога му се приближува, поточно кога Господ нему му се приближува.
Може да се претпостави дека оној црв што не спие и неизгасливиот оган во идниот живот се – бесконечна жалост на срцето поради тоа што имало време кога било возможно да се докаже љубовта кон Господа, да се претрпат разни страдања поради Него, но и со вера во Него меѓу сите сомнежи, среде сите стравувања, духовна осаменост, свест за сопствената немоќ, слабост и др., затоа што имало време, а ние ништо од тоа не сме сториле… Види, овде, на земјата, можно е и потребно е да се докаже својата љубов кон Господа со внатрешна одлука:„Ќе верувам во Тебе, и ќе ги исполнувам со сите сили Твоите заповеди, ќе страдам со вера во Тебе, ќе се одречам од сите и од сè, од личниот живот и од ближните свои, само Ти Господи, не се одрекувај од мене, не дозволувај да изгубам вера и храброст, и не дозволувај да Ти негодувам, ако ме снајдат премногу тешки жалости и страдања или на моите ближни, дарувај ми да Те засакам со сето срце!“
Ако си во такво расположение, ќе ти биде лесно да поминеш низ својот животен пат. Ако, пак, се двоумиш, и дозволиш сомнеж во срцето, ако се затемниш свесно нарушувајќи ги заповедите Божји и ја ослабиш својата духовна сила, ако не Го повикуваш постојано Господ на помош, а особено, ако се погордееш и се надеваш на своите сили – тогаш ќе паднеш и прекумерно ќе си го отежниш животот. Но и тогаш не губи надеж, и уште повеќе смирувај се и целата надеж остави ја во Господа, и на Неговото милосрдие и на Неговата помош.
Тоа е вистинско настроение, но, без опит, без паѓање и кревање, не можеш да се удостоиш со него[1].
Тоа се одликува со длабока свест за својата слабост и немоќ да се живее онака како наложуваат заповедите Божји, да се сака Бог онака како што Тој нè засака. А од оваа состојба се раѓа чувството на понизност, на плач и осознавање за неиспатливиот долг кон Господа – срце смирено и понизно, кое Бог нема да го уништи, и од кое ќе се роди онаа љубов кон Бога за која говорев на почетокот. Со сопствена волја и желба сè уште не може да здобиеме љубов, туку со живот воден по заповедите, со покајание, со плач поради своето паѓање, со длабока понизност поради тоа што наместо да Го љубиме и да Му угодиме на Бога, секогаш ја нарушуваме Неговата света волја.
Од плачот и понизноста се раѓа стравот Божји, поточно страв да не Го навредиме Бога, а потоа се јавува чувство за Божјото присуство, како што кажал преподобен Давид со зборовите: „Го презрев Господа со мојот грев…“, следи решеноста подобро да се умре отколку да се навреди Господ и да се лиши човекот од Неговата блискост, за потоа да добива сила во непријатностите, не само спокојно да ги поднесува, туку и да благодари за нив – а срцето ќе почувствува радост поради очистување по патот на непријатностите и задоволство што може да трпи поради Бог и преку тоа да Го возљуби. „Со што да Ти возвратам, Господи, за сè што си ми дал?!?“
Прости ми поради многуте зборови и поради доцнењето на писмово, но твојата несреќа ме натера да ти пишам. Се надевам ќе ти биде од корист и ќе ти послужи за утеха.
Пријателе мој, едно те молам: никогаш не отстапувај од Бога, колку и да паднеш и колку да згрешиш и да Го навредиш Господ (Господ нека те чува), но како блудниот син, моли Го за прошка и секогаш труди се повторно да живееш по заповедите. „Оној кој доаѓа кон Мене, нема да го отфрлам!…“ Кој оди кон Господа исполнувајќи ги заповедите, ако на патот падне, а потоа стане и оди напред, се наоѓа меѓу војниците Христови и од Христа ќе биде возвеличен, дури и да се здобил со многу рани поради духовната борба со своите страсти, со својата падната природа и бесовите.
Господ нека те вразуми, нека ја зачува твојата вера и твојата добра волја, нека те сочува од секое зло.
Господ нека те благослови.
[1] Падот со помислите е неопходен за познавање на себеси, својата немоќ, неподготвеноста за Божјото Царство; а преку нив се доаѓа до смирение, покажувајќи дека сам човек, со својата моќ не може духовно да расте, туку е должен постојано да повикува кон Бога за помош, да се повикува на Светите Тајни и на сè она што ни го дава Светата Црква. За духовно созревање помага читањето на Светото Писмо (Новиот Завет и светите отци). А уште подобро е ако имаме духовен раководител, но тие денес се ретки и приморен си да бидеш сам, раководејќи се со читање и молење, барајќи помош од Господа и светите угодници.
Извадок од книгата:Игумен Никон Воробјов, Со трпение спасувајте ги своите души, Скопје 2001, стр. 24-26
На 19.11.2024 околу 18.00 часот на улица „Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Апаратите на Сеизмолошкиот завод на Србија утринава во 7 часот и 18 минути регистрираа земјотрес во областа Лесковац со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.
Синоќа во 19:53 часот земјотрес со иста јачина е регистриран во Велика Греда, општина Пландиште.