Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, утре (2 април 2026) повеќе делови од Тетово и околината ќе останат без електрична енергија во текот на денот.
Според објавената табела со планирани прекини, зафатите ќе траат во следниве локации:
• Ларце (дел од село Ларце): од 9:00 до 14:30 часот.
• Тетово (дел од ул. Јане Сандански, позади општината): од 9:00 до 14:00 часот.
• Тетово (ул. 29-ти Ноември, позади ЕВН): од 9:00 до 14:30 часот.
• Тетово (објекти на излез од градот кон Скопје, кај автоотпадот): од 9:30 до 14:00 часот.
Овие прекини се планирани со цел да се извршат потребни поправки и одржување на мрежата, со што ќе се подобри квалитетот на снабдувањето со струја во иднина.
…












