сабота, јули 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонија за првпат по 20 години организира стручни испити за капетани и бродски екипаж: Прв женски заповедник на брод во земјава

by Redakcija
02.04.2026
in Македонија
Македонија за првпат по 20 години организира стручни испити за капетани и бродски екипаж: Прв женски заповедник на брод во земјава

По повеќе од две децении, Македонија направи значаен чекор кон професионализација на внатрешната пловидба. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Охрид објави дека за првпат ќе се овозможи полагање стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж во земјата.

„Кога бев назначен за министер за транспорт, веднаш се соочивме со проблемот што испитите до сега се полагаа исклучиво во странство. Тоа создаваше дополнително оптоварување за професионалците и влијаеше на безбедноста на пловниот сообраќај. Денеска можеме да кажеме дека првиот домашен испит е успешно завршен – издадени се сертификати за еден заповедник на брод со овластување за меѓународен пловен пат, осум заповедници за државен пловен пат, еден водач на палуба, шест морнари, а особено ми е драго што за првпат имаме женски капетан на брод. Ова е јасна порака дека оваа професија е достапна за сите“, истакна Николоски.

Министерот посочи дека за потребите на Капетанијата е набавен нов пловен објект, а пристаништата во Св. Наум и Охрид се реконструирани и ослободени за подобро функционирање. Тој најави и нови инфраструктурни проекти, вклучително и заеднички проект со општина Охрид за целосно уредување на градскиот кеј.

„Десет години никој не се зафати со овој проект, а последната интервенција на кејот е од 90-те години. Сега, заедно со општината, проектираме нов лик на кејот, со пристаништето пред хотел Палас за помали пловни објекти и старото градско пристаниште за поголеми бродови. На последната средба во Париз со УНЕСКО, добивме целосна поддршка за проектот – сите стандарди ќе бидат исполнети, а кејот ќе добие модерен и функционален изглед“, додаде Николоски.

Капетан Илија Аранудоски од Капетанијата ја поздрави новата мерка и најави засилен инспекциски надзор, со апел до сопствениците на пловни објекти за навремена регистрација и стриктно придржување кон правилата за внатрешна пловидба.

Related Posts

Муцунски: ЕУ останува стратешка цел, но бара национален консензус и сериозни реформи

Муцунски: Бујар Османи е последниот што има право да држи лекции

25.07.2026

Николоски: Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, наскоро се пуштаат најкомплицираните 10 километри

25.07.2026

Еве колку се чека за излез од Македонија

25.07.2026

Годишните сметки за енергија во Македонија меѓу најниските во Европа

25.07.2026

Преку Министерство за финансии се реконструира Поликлиниката „Идадија“ – инвестиција вредна над 31 милион денари

24.07.2026

МВР со известување: Штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

24.07.2026

Препорачани Вести

Иран не сака повторно преговори со САД: Наскоро истекува примирјето

Протестите стивнаа, режимот во Иран посилен од порано

3 месеци ago
ЕУ бара консензус за одговор на американските закани околу Гренланд

Трамп ѝ дава рок на ЕУ до 4 јули за исполнување на трговскиот договор

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Ова се 10-те најевтини летувалишта во Европа – вечера и кафе за џабе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поткупот скапо го чинеше – Уапсен административец од Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Бујар Османи е последниот што има право да држи лекции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, наскоро се пуштаат најкомплицираните 10 километри

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шпионирала од срцето на Алијансата – уапсена стажантка во воената команда на НАТО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.